Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 18:1-30

1 Самоилова 18:1-30 MK2006

Кога Давид го заврши разговорот со Саул, душата на Јона­тан се приврза до душата негова, и Јо­натан го засака како своја душа. И тој ден Саул го задржа и не му дозволи да се врати во домот на татко му. А Јонатан склучи сојуз со Давид, бидејќи го засака како душата своја. Јонатан ја соблече горната облека своја што беше на него, и му ја даде на Давид, исто така и другата облека своја, и мечот свој, и лакот свој, и појасот свој. А Давид постапуваше разумно на­секаде, каде и да го испратеше Саул, и Саул го направи началник над војските; и тоа му се допадна на сиот народ и на слугите Саулови. Кога одеа, при враќањето на Давид од победата над Филистеецот, жените од сите израелски градови излегуваа да го пресретнат царот Саул со песни, игри и радосни извици, со тимпани и кимвали. И жените што играа и пееја, го­вореа: „Саул победи илјади, а Давид – десетици илјади!“ Тогаш Саул многу се огорчи, непријатни му беа тие зборови, па рече: „На Давид му дадоа десетици илјади, а мене – илјади; му недостига само царство.“ И од тој ден Саул гледаше на Давид со завидливи очи. И се случи на другиот ден, лошиот дух што му го испраќаше Бог, да го нападне Саул, и тој беснееше во куќата своја, а Давид свиреше со раката по струните, како и во другите денови. А Саул во раката држеше копје. И го фрли Саул копјето, помислувајќи си: ќе го приковам Давид за ѕидот. Но Давид двапати се истргна од него. И Саул почна да се плаши од Давид, зашто Господ беше со него, а од Саул отстапи. И Саул го тргна од себе и го по­стави за свој илјаданачалник; оттогаш тој одеше и се враќаше на чело на својата војска. Во сите работи Давид постапуваше разумно, и Господ беше со него. И Саул виде дека е тој многу разумен, и се плашеше од него. А целиот Израел и Јуда го засакаа Давид, зашто тој излегуваше и влегуваше пред нив. Саул му рече на Давид: „Ете, мојата поголема ќерка Мерава ќе ти ја дадам за жена, само биди ми јунак и води ги војните Господови.“ Зашто Саул си мислеше: нека не биде мојата рака врз него, туку раката на Филистеј­ците нека биде врз него. Но Давид му рече на Саул: „Кој сум јас, и каков е животот мој и родот на татко ми во Израел, та да станам цар­ски зет?“ И кога дојде време Сауловата ќерка Мерава да се омажи за Давид, му ја дадоа за жена на Адриел од Мехо. Но Давида го беше засакала другата Саулова ќерка, Михала, и кога му соопштија на Саул за тоа, му стана пријатно. Саул си мислеше: „Ќе ја омажам за него, и таа ќе му биде стапица, и раката на Филистејците ќе биде врз него.“ И му рече Саул на Давид: „Денес ќе се сродиш со мене преку другата.“ Тогаш Саул им заповеда на слугите свои, велејќи: „Кажете му тајно на Давид: – ете, царот е благонаклонет кон тебе, и сите слуги негови те сакаат. Затоа стани му зет на царот.“ И слугите Саулови му ги соопштија на Давид сите тие зборови. А Давид рече: „Зар ви се чини дека е лесно да бидеш зет на царот? Јас сум човек беден и мал.“ И му соопштија на Саул слугите негови и рекоа: „Еве што рече Давид.“ Тогаш Саул рече: „Вака кажете му на Давид: царот не сака мираз, туку само сто филистејски обрезоци за од­мазда на царските непријатели.“ Зашто Саул беше на мисла да го погуби Давид со рацете на Филистејците. Слугите му ги соопштија на Давид тие зборови и на Давид му се свиде да му стане зет на царот. Уште не беа изминале определе­ните денови, Давид стана, тргна тој и луѓето со него, и уби двесте филистеј­ски мажи; па ги донесе Давид нивните обрезоци, и му ги предаде на царот во полн број за да стане царев зет. И Саул му ја даде за жена ќерка си Михала. Саул виде и дозна дека Господ е со Давид, а и дека Михала, Сауловата ќерка, го сака Давид. И Саул почна уште повеќе да се плаши од Давид и стана негов непријател до крајот на животот. А кога филистејските војводи излегоа во војна, Давид уште од самото излегување нивно дејствуваше поразумно од сите Саулови слуги, и многу се прослави името негово.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност