Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Петар 5:1-14

1 Петар 5:1-14 MK2006

Оние, кои се меѓу вас свештеници, ги молам јас, кој и самиот сум свештеник, и сведок на Христовите страдања и соучесник во славата, што ќе се открие: пасете го Божјото стадо, што го имате, надгледувајќи го не присилно, туку драговолно и според Бога; не заради срамна печалба, туку од сѐ срце. И не како да управувате со народот, туку давајќи му пример на стадото. А кога ќе се јави Пастиро­на­чал­ни­кот, ќе добиете венец на слава што ни­когаш не свенува. Исто така и вие, помладите, покорувајте им се на старешините; а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобијте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“ Понизете се под крепката рака Бож­ја, за да ве воздигне кога ќе дојде времето. Сите ваши загрижености префрлете ги врз Него, зашто Тој се грижи за вас. Бидете трезвени, бидете будни, заш­то вашиот противник, ѓаволот, оби­ко­лува како лав што рика и бара некого да проголта; спротивете му се со тврда вера, зна­ејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот. А Бог на секоја благодат, Кој ве по­вика за Својата вечна слава во Исус Христос, Сам, по вашето кратко стра­дање, да ве усоврши, укрепи и направи непоколебливи. Нему слава и власт во веки веков. Амин! По Силван, нашиот верен брат, ка­ко што мислам, ви го напишав ова крат­ко послание, за да ве утешам и уверам дека ова е вистинската Божја благодат. Останете цврсто во неа! Ве поздравува црквата во Вавилон, избрана заедно со вас, и Марко, синот мој. Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир на сите вас, што сте во Христос. Амин!

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со 1 Петар 5:1-14

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност