кои Божјата сила преку верата ве сочувала за спасение, приготвено да се открие во последното време. Затоа радувајте се, макар што можеби сега ќе треба малку и да тагувате поради разновидни искушенија, та вашата вера испитана да излезе подрагоцена од нетрајното злато, кое сепак се испробува преку оган, за пофалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос, Кого Го сакате, иако не сте Го виделе, и во Кого верувајќи сега, а не гледајќи Го, се радувате со неискажлива и славна радост, примајќи ја крајната цел на вашата вера – спасението на душите. Тоа спасение го бараа и испитуваа пророците што прорекоа за вашата благодат.
Прочитај 1 Петар 1
Слушни за 1 Петар 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Петар 1:5-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа