Фараоновата ќерка премина од Давидовиот град во својот дом што го изгради Соломон за неа. Потоа тој го изгради Мило. Соломон принесуваше трипати годишно сепаленици и жртви за мир на жртвеникот што Му го беше изградил на Господ, и кадеше врз него пред Господ. Така заврши градбата на домот. Цар Соломон направи исто така и кораби во Ецјон-Гевер, кој е кај Елат, на брегот на Црвеното Море, во земјата Едом. И Хирам испрати на тие кораби свои поданици – корабари што го знаат морето, заедно со Соломоновите поданици; тие отидоа во Офир и зедоа оттаму четиристотини и дваесет кикари злато и му го донесоа на цар Соломон.
Прочитај 1 Царевите 9
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Царевите 9:24-28
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа