Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 17:1-16

1 Царевите 17:1-16 MK2006

И пророкот Илија, тишбеец од галаадските жители, му рече на Ахав: „Се колнам во живиот Господ, Бог Израелов, пред Кого стојам! Во овие години нема да има ниту роса, ниту дожд, освен според мојот збор.“ И потоа словото Господово дојде до Илија и му рече: „Тргни се оттука, сврти се кон исток и сокриј се кај потокот Керит, кој е спроти Јордан; од тој поток ќе пиеш, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму.“ И тој замина и постапи според сло­вото Господово; отиде и остана кај по­токот Керит, кој е спроти Јордан. И гавраните му носеа леб и месо на­утро, леб и месо навечер; а пиеше од потокот. По извесно време потокот пресуши, бидејќи немаше дожд по целата земја. Тогаш Господ му рече: „Стани, оди во Сарепта кај Сидон и остани таму. Јас ѝ заповедав таму на една жена вдовица да те храни.“ И стана тој, па отиде во Сарепта. Кога дојде кај градските порти, ете, таму една вдовица жена собира дрва. Тој ѝ се обрати и ѝ рече: „Донеси ми малку вода во сад да пијам!“ Таа отиде за да земе, а тој повика по неа и рече: „Донеси ми в раце и парче леб!“ Таа му одговори: „Ти се колнам во живиот Господ, нема ништо печено, туку имам само грст брашно во ноќвите и малку масло во масларникот; и, ете, јас ќе соберам две – три дрвца, ќе отидам и ќе го приготвам тоа за себе и за синот свој; ќе го изедеме тоа и ќе умреме.“ А Илија ѝ рече: „Не плаши се; оди и направи го она што го рече; но најнапред направи од тоа мала пресна пит­ка за мене и донеси ми; а за себе и за синот свој ќе направиш после; зашто вака вели Господ, Бог Израе­лов: ‚брашното во ноќвите нема да сврши, и маслото во масларникот, нема да се намали до оној ден, во кој Господ ќе даде дожд на земјата.‘“ Таа отиде и направи така, како што ѝ рече Илија и таа се хранеше, и тој и синот нејзин извесно време. Брашното во ноќвите не се свршу­ваше, и маслото во масларникот не се намалуваше, според словото на Господ што Тој го изрече преку Илија.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност