На осумнаесеттата година од царувањето на Наватовиот син Јеровоам, над Јудејците стана цар Авијам. Тој царуваше во Ерусалим три години; името на мајка му беше Мааха, Авесаломова ќерка. Тој одеше во сите гревови на таткото свој што тој ги вршеше пред него, и срцето негово не беше предадено на неговиот Господ Бог, како срцето на неговиот прадедо Давид. Но заради Давид, неговиот Господ Бог му беше дал светило во Ерусалим, воздигнувајќи го по него синот негов и го закрепи Ерусалим, зашто Давид го правеше она што беше право пред очите на Господ, и во сите дни на животот свој во ништо не отстапуваше од она што Тој му беше заповедал, освен постапката со Хитиецот Урија. Меѓу Ровоам и Јеровоам имаше војна во сите дни на животот нивни. Другите дела на Авијам, и сѐ што вршел, е опишано во летописите на јудејските цареви. И имаше војна меѓу Авијам и Јеровоам. Авијам почина кај татковците свои и го погребаа во Давидовиот град. И наместо него стана цар синот негов Аса.
Прочитај 1 Царевите 15
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Царевите 15:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа