Царот Соломон засака, освен фараоновата ќерка, и многу жени туѓинки – Моавки, Амонки, Едомки, Сидонки и Хитијки, – од оние народи, за кои Господ им беше рекол на Израеловите синови: не влегувајте кај нив, и тие да не влегуваат кај вас за да не го приклонат срцето ваше кон своите богови. Кон нив се прилепи Соломон со љубовта своја. Тој имаше седумстотини жени и триста наложници; и неговите жени го развратија срцето негово. Кога Соломон остаре, неговите жени го приклонија срцето негово кон други богови, и срцето негово не беше наполно предадено на неговиот Господ Бог, како срцето на татко му Давид. И Соломон почна да ѝ служи на Аштарта сидонската богинка, и на Милком, одвратен амонски бог. И Соломон го вршеше она што беше неугодно пред очите на Господ, и не го следеше наполно Господ како татко му Давид. Тогаш Соломон изгради многубожечко светилиште на Хамос, моавско паганско божество, на планината што е спроти Ерусалим, и на Молох, гнасен бог на Амониевите синови. Така направи тој за сите свои жени туѓинки, кои кадеа и принесуваа жртви на своите богови. И Господ се разгневи на Соломон поради тоа што го отстрани срцето свое од Господ, Бог Израелов, Кој на двапати му се беше јавувал и му беше заповедал да не оди по други богови; но тој не го исполни тоа што му го беше заповедал Господ Бог. Тогаш Господ му рече на Соломон: „Затоа што тоа се врши кај тебе, и ти не го зачува Мојот завет и Моите наредби што ти ги бев заповедал, ќе го одземам царството од тебе и ќе го дадам на твојот слуга; но во твоите дни Јас нема да го направам ова поради татко ти Давид: од рацете на синот твој ќе го одземам; но нема целото царство да го одземам: едно племе ќе му дадам на синот твој заради Мојот слуга Давид и заради Ерусалим што сум го избрал.“
Прочитај 1 Царевите 11
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Царевите 11:1-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа