Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 10:1-13

1 Царевите 10:1-13 MK2006

Савската царица, откако слушна за славата Соломонова и за име­то на Господ, дојде да го испита со га­танки. Таа дојде во Ерусалим со многу го­лемо богатство: камилите беа натоварени со благопријатни мириси, со многу злато и скапоцени камења; таа дојде кај Соломон и говореше со него за сѐ што ѝ беше на срцето. Соломон ѝ ги објасни сите нејзини зборови, и немаше ништо непознато за царот што не ѝ го објасни. Савската царица ја виде сета мудрост на Соломон, и домот што тој го беше изградил, и јадењата на трпезата негова, и живеалиштата на слугите негови, и држењето на слугите негови, облеката нивна и пехарниците негови, и сепалениците негови што ги принесуваше во храмот Господов. И повеќе не можеше да се воздржи, па му рече на царот: „Вистина е она што го бев слушала во својата земја за твоите дела и за твојата мудрост; но не верував на зборови, додека не дојдов, и не видоа очите мои: и, ете, мене ни половината не ми беше речено; мудрост и богатство ти имаш повеќе отколку што сум слушала. Блажени се твоите луѓе, блажени се и тие твои слуги што стојат пред тебе секогаш и ја слушаат твојата мудрост! Благословен да е Господ, твојот Бог, Кој благоволи да те постави на Изра­еловиот престол! Господ, поради веч­ната Своја љубов кон Израел, те пос­тави за цар за да вршиш суд и правда.“ И таа му подари на царот сто и дваесет кикари злато и големо мно­жество благопријатни мириси и скапо­цени камења; никогаш уште не беа до­несувани толку многу благопријатни мириси, колку што савската царица му подари на царот Соломон. И Хирамовите кораби што носеа злато од Офир, донесоа од Офир големо множество алмугово дрво и скапо­цени камења. И царот направи од тоа скапоцено алмугово дрво потпирки за храмот Господов и за царскиот дом, и харфи и псалтири за пејачите. Никогаш не беше донесувано толку алмугово дрво и не беше видено до тој ден. Тогаш царот Соломон ѝ даде на савската царица сѐ што таа пожела и што посака, посебно од она што цар Соломон ѝ го подари со рацете свои. И се врати таа во својата земја, таа и сите нејзини слуги.