Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 1:32-48

1 Царевите 1:32-48 MK2006

И царот Давид рече: „Повикајте ми го свештеникот Садок, пророкот Натан и Јехојадаевиот син Ванеја.“ И тие влегоа кај царот. Тогаш царот им рече: „Земете ги со себе слугите на вашиот господар, каче­те го Соломон, мојот син, на маската моја и одведете го во Гион. И таму свештеникот Садок и пророкот Натан нека го помазат за цар над Израел, затрубете со труба и извикајте: ‚Да живее царот Соломон!‘ Потоа придружете го назад, и тој ќе дојде и ќе седне на мојот престол; тој ќе царува место мене; нему сум му ветил да биде водач на Израел и на Јуда.“ Ванеја, Јахојадаевиот син, му одго­вори на царот и рече: „Амин! – така нека каже Господ, Бог на мојот цар господар: како што Господ беше со мојот цар господар, така да биде Тој и со Соломон и да го возвеличи престолот негов по­веќе од престолот на мојот господар, царот Давид!“ Тогаш свештеникот Садок, пророкот Натан, Јахојадаевиот син Ванеја, Керетијците и Пелетијците отидоа и го качија Соломон на маската од цар Да­вид и го поведоа кон Гион. И свештеникот Садок зеде рог со масло од скинијата и го помаза Соло­мон. И затрубија со труба, и сиот народ извика: „Да живее царот Соломон!“ И сиот народ го придружуваше Со­ломон и народот свиреше со свирки и многу се радуваше, така што земјата трепереше од викањето негово. Кога слушна Адонија и сите пока­нети од него, престанаа да јадат; а Јоав, откако слушна звук на труба, запраша: „Зошто одекнува градот со таков звук?“ Додека уште говореше, дојде Јона­тан, синот на свештеникот Авијатар. И Адонија му рече: „Влези, ти си чесен човек и носиш добра вест.“ Јонатан одговори и му рече на Адо­нија: „Нашиот господар, царот Давид, го постави Соломон за цар; и царот ги испрати со него свеште­никот Садок, пророкот Натан, Јахоја­даевиот син Ванеја, Керетијците и Пе­летијците, и тие го качија на царската маска; и свештеникот Садок и пророкот Натан го помазаа во Гион за цар, и трг­наа оттаму со радост, и градот се раздвижи. Ете од што е звукот што го слу­шате.“ И Соломон веќе седна на царскиот престол. А царските службеници доаѓаа да го поздрават нашиот господар, царот Давид, велејќи: „Твојот Бог нека го про­слави името на Соломон повеќе од тво­ето име и нека го возвеличи него­виот престол повеќе од твојот престол!“ И царот се поклони од леглото свое и го рече ова: „Нека е благословен Господ, Бог Израелов, Кој денес даде наследник на мојот престол, и тоа го видоа моите очи!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност