Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Јован Вовед

Вовед
Традицијата му ги припишува трите посланија на апостол Јован, иако негово­то име во нив ниеднаш не се споменува. Првото од овие посланија не ни дава никакви податоци за неговиот писател, ниту пак за идентитетот на оние на кои им е упатено. Но тоа открива одредени аспекти на состојбите во христијанските заедници до кои тоа било адресирано. Како и многуте други заедници од втората половина на првиот век, тие биле изложени на влијанијата на духовните или религиозните движења кои се оддалечувале од вистинската христијанска вера. Токму затоа писателот се стреми кон двојна цел во своето послание:
– да ги охрабри своите читатели да живеат во вистинско заедништво со Бога и Неговиот Син Господ Исус Христос, што треба да се изрази преку примената на братската љубов;
– истовремено да се борат против лажната наука што ја компромитира верноста во Евангелието.
Воведот во посланието (1,1-4) тоа и го изнесува: зацврстување на заедништвото што треба да го имаат верниците со Бога и со Исус Христос, исто како и братското заедништво едни со други. За тоа тие треба да останат верни на сведоштвото на оние кои Го беа виделе или слушале Исус Христос. Писателот ги повикува своите читатели да живеат во светлина, зашто Бог е светлина. За таа цел, тие треба да ги спроведуваат заповедите на љубовта (1,5–2,17). Потоа го навестува појавувањето на големите непријатели на Христос (2,18-29). Тој ги соопштува особеностите што ги прават вистин­ски чедата Божји: праведниот живот во кој пребиваат, љубовта што ја имаат едни кон други, верата во Исус Христос (3,1-24). Откако покажува како треба да се разликува заблуда од вистина (4,1-6), писателот уште еднаш се навраќа кон темата за љубовта: да Му се припаѓа на Бога значи да се љуби, зашто Бог е љубов (4,7-21). Тој го завршува своето послание опишувајќи ја верата како победничка и резимирајќи ги позначајните ставови од неговото послание (5,1-21).

Селектирано:

1 Јован Вовед: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност