Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Јован 3:1-10

1 Јован 3:1-10 MK2006

Гледајте колку голема љубов ни дал Отецот – да бидеме наречени чеда Божји, а тоа и сме! Затоа светот не нѐ знае, зашто не Го спозна Него. Возљубени, сега сме чеда Божји! Но уште не се покажа што ќе бидеме. Знаеме само дека, кога ќе се покаже, ќе бидеме слични на Него, зашто ќе Го видиме каков што е. И секој што ја има таа надеж во Не­го, се очистува самиот себе, како што е чист Тој. Секој што прави грев, прави и беззаконие; и гревот е беззаконие. А знаете дека Тој се јави за да ги зе­ме нашите гревови; а грев во Него не­ма. Секој, кој пребива во Него, не гре­ши; секој што греши, не Го видел, ниту Го познал. Чеда, никој да не ве заблудува! Кој постапува праведно, праведен е, како што е праведен Тој. Кој прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Па затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне делата ѓаволски. Секој што е роден од Бога, грев не прави, зашто семето Негово пребива во него; и не може да греши, бидејќи е ро­ден од Бога. Чедата Божји и чедата ѓаволски по тоа и се познаваат. Секој што не пос­та­пува праведно, и секој што не го љуби братот свој, не е од Бога.