Она што беше од почетокот, она што го чувме, она што со очите свои го видовме, што го разгледавме и што рацете наши го опипаа, за Словото на животот – и животот се јави, и видовме, и сведочиме, и ви го навестуваме вечниот живот, кој беше во Отецот и нам ни се јави – она што го видовме и го чувме, тоа ви го навестуваме, та и вие да имате заедништво со нас; а нашето заедништво е со Отецот и Неговиот Син, Исус Христос. Тоа ви го пишуваме за да биде радоста наша потполна. А известувањето, пак, што го чувме од Него и вам ви го предаваме, е тоа дека Бог е светлина, и во Него нема никаква темнина. Ако речеме дека со Него имаме заедништво, а одиме во темнина, тогаш лажеме и не постапуваме според вистината.
Прочитај 1 Јован 1
Слушни за 1 Јован 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Јован 1:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа