Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Јован 1:1-10

1 Јован 1:1-10 MK2006

Она што беше од почетокот, она што го чувме, она што со очите свои го видовме, што го разгледавме и што рацете наши го опипаа, за Словото на животот – и животот се јави, и видовме, и све­дочиме, и ви го навестуваме вечниот живот, кој беше во Отецот и нам ни се јави – она што го видовме и го чувме, тоа ви го навестуваме, та и вие да имате заедништво со нас; а нашето за­ед­ниш­тво е со Отецот и Неговиот Син, Исус Христос. Тоа ви го пишуваме за да биде ра­доста наша потполна. А известувањето, пак, што го чувме од Него и вам ви го предаваме, е тоа де­ка Бог е светлина, и во Него нема ни­каква темнина. Ако речеме дека со Него имаме заедништво, а одиме во темнина, тогаш лажеме и не постапуваме според вистината. А ако, пак, во светлина одиме, како што е Тој самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг имаме заед­ниш­тво, и крвта на Исус Христос, Неговиот Син, нѐ очистува од секаков грев. Ако кажеме дека немаме грев, се ла­жеме сами себе, и вистината не е во нас. Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прос­ти гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда. Ако, пак, речеме дека не сме згре­шиле, Него Го правиме лажливец, и словото Негово не е во нас.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност