Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 7:1-20

1 Коринтјаните 7:1-20 MK2006

А за она што ми пишавте – добро е човек да не се допира до жена. Но, за да се избегне блудството, се­кој нека си има своја жена, и секоја же­на свој маж. Мажот да ја извршува својата дол­жност спрема жената, а исто така и же­ната – спрема мажот. Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената. Не лишувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да ѝ се посветите на молитвата и пак да бидете заедно за да не ве напаствува сатаната, поради вашето невоздржување. Ова, пак, ви го велам како до­пуш­та­ње, а не како заповед. Зашто сакам, сите луѓе да бидат ка­ко мене; но секој си има своја дарба од Бога – еден на ваков начин, друг на по­инаков. А на неженетите и на вдовиците им велам: добро ќе им биде ако останат како мене. Но, ако не можат да се воздржат, не­ка се женат и мажат; бидејќи подобро е да се женат и мажат, отколку да горат од страст. А на женетите и мажените им запо­ведам – не јас, туку Господ – жената да не се разделува од мажот, – ако, пак, и се раздели, нека не се премажува, или, пак, да се помири со мажот свој, – а и мажот да не ја остава жената своја. А на другите им зборувам јас, а не Господ: ако некој од браќата има жена, безверничка, и таа е согласна да живее со него, нека не ја остава; и ако некоја жена има маж, без­вер­ник, а тој е согласен да живее со неа, таа да не го остава. Зашто маж безверник се осветува преку жената која верува, и жена без­верничка се осветува преку мажот, кој верува; инаку децата ваши би биле не­чисти, а сега се свети. Ако некој безверник сака да се раз­веде, нека се разведе; во такви случаи братот или сестрата не се заробени; зашто за мир нѐ повикал Бог. Зашто, од каде знаеш, жено, дека ти не ќе го спасиш мажот? Или од каде знаеш, о мажу, дека ти не ќе ја спасиш жена ти? Само секој нека постапува така ка­ко што му определил Бог, како го по­ви­кал Господ. Така заповедам по сите цр­кви. Обрезан ли е повикан некој, нека не крие; необрезан ли е повикан некој, не­ка не се обрезува. Обрезанието е ништо, и необре­за­нието е ништо, а чувањето на Божјите заповеди е сѐ. Секој да си остане во звањето во кое е повикан.