Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 2:6-16

1 Коринтјаните 2:6-16 MK2006

Ние сепак ја проповедаме мудроста меѓу совршените, но не мудроста од овој свет, ниту, пак, онаа на владете­ли­те на овој свет, кои се минливи, туку ја проповедаме Божјата муд­рост, сокриена во таинство, која Бог ја предодредил уште пред вековите за наша слава, која никој од владетелите на овој свет не ја спознал; зашто, ако ја беа спознале, тогаш немаше да Го распнат Господ на славата. Но, како што е напишано: „Она што око не видело, уво не чуло, ниту на чо­век на ум му дошло, тоа Бог го пригот­вил за оние кои Го љубат.“ А нам, пак, ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зашто Духот продира во сѐ, па дури и во длабочините Божји. Бидејќи, кој човек знае што има во човекот, освен човечкиот дух кој живее во него? Па така и Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух. Но ние не го примивме духот од овој свет, туку Духот Кој доаѓа од Бога, за да го знаеме она што ни е дарувано од Бога; па тоа и го проповедаме не со збо­рови научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух: толкувајќи го она што е духовно со духовни поими. Телесниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух: за него тоа е без­умство; и не може да го разбере, зашто тоа треба со помошта на Духот да се испита. Духовниот, пак, човек испитува сѐ, а него никој не може да го испитува. Зашто, кој го спознал умот Гос­по­дов, та да го објасни? А ние имаме ум Христов.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со 1 Коринтјаните 2:6-16

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност