Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 12:21-27

1 Коринтјаните 12:21-27 MK2006

И не може окото да ѝ рече на раката: „Не си ми потребна“, ниту, пак, гла­вата на нозете: „Не сте ми потребни.“ Напротив, оние делови од телото, кои ни изгледаат послаби, се многу попотребни; и на оние делови на телото, за кои сметаме дека се помалку чесни, им од­даваме повеќе почит; и нашите срамни делови добиваат поголема пристојност. Пристојните, пак, делови немаат потреба од чест. Но Бог го составил те­лото така, што им дал изобилна почит, на органите што ја немаат. За да нема раздори во телото, но де­ловите подеднакво да се грижат едни за други. А кога страда еден дел, тогаш стра­даат сите делови; и кога се слави еден од деловите, тогаш со него се радуваат сите делови. Вие сте телото Христово, а поодделно – членови.