Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 12:12-20

1 Коринтјаните 12:12-20 MK2006

И како што е телото едно, а има многу делови, и сите делови од тоа те­ло, па колку и да се тие, едно тело се, – така и Христос. Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело – било Јудејци или Елини, било робови или слободни; и си­те сме со еден Дух напоени. Зашто и телото не се состои само од еден дел, туку од многу. Ако ногата рече: бидејќи не сум ра­ка, не сум дел од телото, зар само заради тоа таа не припаѓа на телото? И ако увото рече: бидејќи не сум око, не сум дел од телото, зар поради тоа увото не припаѓа на телото? Ако целото тело би било око, тогаш каде ќе е слухот? Кога целото би било слух, тогаш каде е мирисот? Но Бог ги наредил деловите, секој од нив во телото така, како што по­са­кал. Ако сите тие би биле само еден дел, тогаш каде е телото? А сега се, пак, многу делови, но се­пак едно тело.