Сакам уште да знаете дека глава на секој маж е Христос; а на жената мажот е глава; на Христос, пак, глава е Бог. Секој маж, кој се моли или пророкува со покриена глава, ја срамоти својата глава; а, пак, секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срамоти главата своја, зашто тоа е исто како да е истрижена. Ако жената не сака да се покрива, тогаш нека се стриже; ако, пак, е грдо за жена да се стриже или бричи, тогаш нека се покрива. И така, мажот не треба да ја покрива главата своја, зашто е образ и слава Божја, а жената е слава на мажот. Зашто не е мажот од жената, туку жената од мажот; и мажот не е создаден за жената, туку жената за мажот. Затоа жената треба да има на главата свој знак од власта на мажот над неа поради ангелите. Па сепак, ниту жена е без маж, ниту маж е без жена во Господ. Зашто, како што е жената од мажот, така е и мажот преку жената; а сѐ е од Бога. Просудете сами во себе: доликува ли жена да Му се моли на Бога гологлава? Нели и самата природа ве учи дека е срамно за мажот да има долга коса? Но, ако жената си ја остави косата, тоа е украс за неа, бидејќи косата ѝ е дадена место превез. Но, ако некој сака да се препира, ние немаме таков обичај, ниту црквите Божји.