Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 11:17-26

1 Коринтјаните 11:17-26 MK2006

А заповедајќи ви го ова, не можам да ве пофалам дека за подобро, туку за полошо се собирате. Прво, пак, слушам дека, кога се со­бирате в црква, се појавуваат расколи меѓу вас, во што делумно верувам. А потребно е меѓу вас да има и раз­делувања, за да се истакнат подостој­ни­те меѓу вас. Но, кога се собирате така заедно, тоа не значи дека јадете вечера Гос­по­дова: зашто на јадењето секој брза да ја земе својата вечера пред другите, така што еден останува гладен, а друг се опива. Немате ли куќи за да јадете и пи­ете? Или ја презирате црквата Божја и ги срамотите оние, што не се имотни? Што да ви речам? Да ве пофалам ли за тоа? Не пофалувам! А јас го примив од Господ она, што ви го предадов; а тоа е дека Господ Исус онаа ноќ, кога Го предадоа, зеде леб, и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас, правете го ова за спомен Мој!“ По вечерата, исто така, зеде и ча­ша, па рече: „Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!“ Зашто, секогаш, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господ, додека Тој не дојде.