А тоа беа примери за нас, за да не бидеме похотливи по злото, како што тие беа похотливи. Не бидете ниту идолослужители, како некои од нив, за кои е напишано: „Народот седна да јаде и да пие, па стана да игра.“ И да не блудничиме, како некои од нив што блудничеа, и во еден ден загинаа дваесет и три илјади. И да не Го искушуваме Христос, како што некои од нив Го искушуваа, и загинаа од змии. Не мрморете, како што некои од нив замрмореа, па загинаа од Истребителот. Сето тоа ним им се случуваше да служат како пример, а беше запишано нам за опомена, до кои стигна крајот на вековите. Затоа, кој мисли дека стои, нека гледа да не падне.
Прочитај 1 Коринтјаните 10
Слушни за 1 Коринтјаните 10
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Коринтјаните 10:6-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа