Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 9:1-37

1 Летописи 9:1-37 MK2006

Така беа пребројани според родовите свои сите Израелци, и, ете, тие се запишани во книгите на израелските цареви. А Јудејците, за­ради беззаконијата свои, беа преселени во прогонство во Вавилон. Првите жители, што живееја во своите владенија, по израелските гра­дови, беа Израелци, свештеници, левити и служители во храмот. Во Ерусалим живееја некои од Јуди­ните синови и од синовите Венијамино­ви, како и од синовите Ефремови и Манасиеви: Утај, син Амихудов, син на Амвриј, син на Имриј, син на Ваниј, – од сино­вите на Фарес, Јудиниот син; од синовите Шилонови – Асаја, првороден, и синовите негови; од синовите на Зерах – Јеуел и бра­ќата нивни, – шестотини и деве­десет; од синовите Венијаминови – Салу, син на Мешулам, син на Ходавија, син Хасенуин; Ивнеја, син Јерохамов, Ила, син на Озиј, син Мокриев; Мешулам, син на Сафатија, син на Рагуил, син на Ивнија, и браќата нивни според родовите нивни: деветстотини педесет и шест, – сите тие мажи беа началници на ро­довите во поколенијата свои. А од свештениците: Једаја, Јојарив, Јахин, Азарија, син на Хелкија, син на Ме­шулам, син на Садок, син на Мерајот, син Ахитувов, кој беше началник на Божјиот дом; Адаја, син на Јерохама, син на Па­шхур, син Мелхиев; Масај, син Адие­лов, син Јехзеров, син на Мешу­лам, син на Мешилемит, син Имеров, и браќата нивни, началници на ро­довите свои: илјада седумстотини и шеесет, – мажи истакнати во служба­та своја во Божјиот дом. А од левитите: Шемај, Хашувов син, син на Азрикам, син Хашавиев, – од синовите Мерариеви; Бакбакар, Хереш, Галал и Мата­нија, син на Миха, син на Зихриј, син Асафов; Авдија, син Шемаев, син на Галал, син на Једутун, и Варахија, син на Аса, син на Елкана, кој живееше во Нето­фатските села. А вратари: Селум, Акув, Талмон, Ахиман и браќата нивни; Селум беше главен. Тие се и до денес вратари кај цар­ската порта кон исток и ја одр­жуваат стражата на синовите Левиеви. Селум, син Кореов, син на Евија­саф, син на Кореј, и браќата негови од неговиот род, – Кореовци, по службата беа стражари кај праговите на скинијата, а татковците нивни го чуваа влезот во Господовиот дом. Финес, син Елеазаров, беше водач нивни, и Господ беше со него. Захарија, син Мешелемов, беше вратар кај вратата во скинијата на собранието. Сите тие, избрани за вратари кај праговите, беа двесте и дванаесет. Тие се запишани во списокот според нивни­те села. Нив ги поставија Давид и Само­ил јасновидецот заради верноста нивна. Тие и синовите нивни чуваа стража кај вратата на домот Господов, кај до­мот на скинијата. Вратари имаше на четирите страни: на источната, западната, северната и јужната. А браќата нивни живееја во свои­те села и доаѓаа одвреме – навреме кај нив за седум дена. Зашто четворицата главни вра­тари, левити, исто така беа поставени над одаите и ризниците на Божјиот дом. Тие престојуваа и ноќе околу Бож­јиот дом, бидејќи ним им беше нало­жено да го чуваат, и тие беа должни секое утро да ги отвораат вратите. Некои од нив беа поставени кај садовите за богослужба, кои ги примаа со број и даваа со број. На други од нив им беа доверени другите садови и сите посветени нешта: најчисто брашно, вино, масло, темјан и мирисите. А некои од синовите на свештени­ците подготвуваа миро од разни мириз­ливи материи. А на левитот Матитија, првороден на Кореовецот Селум, му беше до­верено она што се подготвува во тавче. На некои од браќата нивни, од си­новите Каатови, им беше доверено да ги приготвуваат лебовите што се принесуваат секоја сабота. А пејачите, главните во левитските поколенија, во собите на хра­мот беа ос­лободени од работа, бидејќи беа должни да се занимаваат дење и ноќе со својата служба. Тоа се началниците на татковите домови на левитите, според нивните поколенија. Тие живееја во Ерусалим. Во Гаваон живееја: Јеиел, татко на Гаваонците, – жена му се викаше Мааха, – и првородениот син негов Авдон; по него: Цур, Кис, Ваал, Нир, Надав, Гедор, Ахјо, Захарија и Миклот.