Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 23:24-32

1 Летописи 23:24-32 MK2006

Тоа беа синовите Левиеви според домовите на татковците нивни, глави на домовите, што беа преброени сите до еден по име, а кои ги вршеа службите во домот Господов, од дваесет години нагоре. Зашто Давид рече: „Господ, Бог Израелов, му даде мир на Својот народ и го насели во Ерусалим засекогаш, та левитите нема да имаат потреба да ја носат скинијата и секакви нејзини предмети за служење во неа.“ Затоа, според последните Давидо­ви заповеди, беа преброени левитите од дваесет години и нагоре, за да бидат покрај синовите Аро­нови, да служат во домот Господов, во дворот и во тремовите, да пазат на чистота во целото светилиште и да ја извршуваат секоја служба во Божјиот дом; да ги надгледуваат принесените лебови, пченичното брашно за лебен принос, пресните пити, сѐ печено и пржено и над сите мерки и тежини; секое утро да стојат за да благодарат и да Го славословат Господа, како и навечер, при сите сепаленици, принесувани на Господ во саботни дни, во ново­месечијата и во празниците според бројот, како што е заповедано за нив, – постојано пред лицето на Господ, – и да ја пазат скинијата на собранието, светилиштето и синовите Аронови, нивни браќа, на службите во домот Господов.