Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 16:23-36

1 Летописи 16:23-36 MK2006

Пеј Му на Господ, цела земјо, на­вестувајте го од ден во ден спасението од Него. Разгласувајте ја меѓу незнабошци­те славата Негова, и меѓу сите луѓе чудесата Негови, зашто Господ е голем и достоен за слава, пострашен од сите богови. Зашто сите богови на народите се ништо, а Господ ги создаде небесата. Слава и величие пред лицето Него­во, сила и радост во Неговото Свето место. Воздајте Му на Господ, племиња народни, воздајте Му на Господ слава и чест! Воздајте Му ја на Господ славата на името Негово. Принесете дар, дојдете пред лицето Негово, поклонете Му се на Господ во сјајот на светлината Негова. Трепери пред Него, цела земјо, зашто Тој ја основа вселената, и таа нема да се разниша. Нека се веселат небесата, да ликува земјата, и нека се вели меѓу народите: ‚Господ царува!‘ Нека се бранува морето и сѐ што го исполнува, да се радува полето и сѐ што е на него. Да ликуваат заедно сите дрвја во лаговите пред лицето на Господ, зашто Тој доаѓа да ја суди земјата. Славете Го Господа, зашто Тој е добар и милоста Му е вечна, и речете: ‚Спаси нѐ, Боже, Спасите­ле наш! Собери нѐ и избави нѐ од народите, за да го славиме Твоето свето име и да се фалиме со Твојата слава!‘ Благословен Господ, Бог Израе­лов, отсекогаш и засекогаш!“ И сиот народ рече: „Амин, алилуја!“