Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Песна над песните 1

1
Разговор меѓу вљубените
Најубавата песна меѓу сите песни, на­пишана од Соломон
1 # 4,10; Проп 2,3 Возљубената: Да, сакам да ме целиваш со бакнежи на устата своја! Зашто твоите милувања се подобри од виното. 2Од пријатниот мирис на твоите мас­ла името ти е како разлеано миро; затоа те сакаат момите. 3#Ис 9,3; 25,9; 66,10; Зах 10,7Поведи ме, да побрзаме; царот ме воведува во одаите свои, – ќе се восхитуваме и ќе се радуваме со тебе, ќе ги фалиме твоите милувања повеќе од ви­но. Навистина, заслужено те сакаат! 4#2,7; 3,5.11; 5,8.16; 8,4Ќерки ерусалимски, црна сум, но сепак сум убава како шаторите бедуински, како завесите на Соломон. 5#8,8Не гледајте ме што сум црномурна, зашто сонцето ме подгорело: мајчините синови ми се налутија, ме поставија да ги чувам лозјата – но своето сопствено лозје не го зачував. 6#3,1-4; 1 Мојс 37,16Кажи ми ти, кого го сака душата мо­ја: каде го пасеш стадото, каде пладнуваш? Зошто да бидам како скитница крај стадата на твоите другари? 7Хорот: Ако не го знаеш тоа, о, на­ју­бава меѓу жените, тогаш оди си по ов­ците свои и паси ги јарињата покрај пастирските шатори. 8#Ис 63,13; Мудр 19,9Возљубениот: Ти си ми, драга моја, како кобилка во фараонова двоколка. 9#4,4; 5,13; 7,5Прекрасни се твоите образи меѓу обетките, вратот твој – под ѓерданите; 10Ќе ти направам златни обетки со сребрени пулејки. 11Возљубената: Додека царот беше крај трпезата, парфемот од мојот нард го испушташе својот пријатен мирис. 12#5,8-10Смирнова китка е мојот возљубен што стои меѓу градите мои. 13#1 Цар 24,1-2Мојот возљубен е за мене како ки­парисов грозд во лозјата на Ен-Геди. 14#2,14; 4,7; 5,9; 6,9; 7,7; 4,1; 5,12Возљубениот: О, убава си, мила мо­ја, убава си! Имаш очи гулабови. 15Возљубената: О, убав си, мил мој, прекрасен си! Зеленилото е постела на­ша. 16Возљубениот: Покривите на куќите ни се кедри, штиците наши – кипариси.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се