Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 31

31
ПСАЛМ 31
Блаженство поради простени гревови
1 # 24,18; Јн 1,47; Рим 4,6-8 Блажени се оние, чии престапи им се простени, и чии гревови се покриени! 2Блажен е оној човек, кого Господ не го смета за виновен, и во чиј дух нема измама! 3#30,10Додека молчев, се сушеа коските мои од секојдневното мое воздишување, 4бидејќи и дење и ноќе тежеше над мене раката Твоја, се сушев како на летен припек. 5#50,4; 2 Цар 12,13; Јов 31,33; 1 Јн 1,9.10Тогаш го признав гревот мој и не го сокрив беззаконието свое, па реков: „Ќе Му ги исповедам на Господ моите прес­тапи,“ и Ти ми ја прости вината на гре­вот мој. 6Затоа секој побожен човек нека Ти се моли навреме, и тогаш притисокот од многуте води нема да го достигне. 7Ти си мое прибежиште, од маката со која сум опкружен Ти ќе ме избавиш; ќе ме опкружиш со спасоносни звуци. 8#32,18„Ќе те вразумам,“ – вели Бог – „Ќе ти го покажам патот, по кој да одиш; ќе бдеат очите Мои над тебе.“ 9„Не бидете како коњ или како мас­ка, кои немаат разум, чија дивина со узда и оглавник се скротува за да ти се покоруваат.“ 10Многу маки ќе го снајдат греш­ни­кот; но оној кој има верба во Господ, него милост ќе го опкружува. 11#32,1Веселете се во Господ и радувајте се, праведници: радувајте се сите кои сте со чисти срца.

Селектирано:

Псалми 31: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност