Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј Вовед

Вовед
Евангелието според Матеј ја пренесува радосната вест за Господ Исус, ветениот Спасител, во Кого Бог го исполни она што го беше ветил уште во старозаветно време. Оваа радосна вест не е само за Јудејците, меѓу кои Исус се родил и дејствувал, туку и за сите народи од целиот свет.
Евангелието според Матеј е внимателно составено. Тоа почнува со Исусовото родословие. Потоа го опишува Неговото раѓање, крштевање и искушение, и понатаму Неговите проповеди и исцелувања во галилејската област. Во продолжение запишани се дејствијата во Ерусалим, особено оние што се одиграле во текот на последната седмица пред Христовото распнување и воскресение.
Ова Евангелие Го прикажува Господ Исус како голем Учител, Кој преку својот живот го толкува Божјиот закон и посведочува за Божјото Царство. Неговите поуки опфатени со ова Евангелие можат да се поделат на пет теми: (а) Проповедта на гората (глава 5–7), која ги содржи смислата и целта на човечкото постоење, правата, должностите и карактеристиките на жителите на Божјото Царство; (б) упатства до дванаесетте апостоли (глава 10) и задолженија за нивната мисија; (в) споредби (параболи) за Божјото Царство (глава 13); (г) поуки за следбениците (глава 18); (д) поуки за последниот суд и за Небесното Царство (глава 24–25).

Селектирано:

Матеј Вовед: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност