Матеј 5
MK2006D

Матеј 5

5
Беседа на гората
(Мк 3,13; Лк 6,12–13,20)
1 # 15,29-30; Јн 6,3 Кога го виде народот, Тој се искачи на гората. И штом седна, уче­ни­ци­те Негови се приближија до Него. 2И откако ја отвори устата Своја, ги по­учуваше и говореше:
Блаженства
(Лк 6,20-26)
3 # 6,19; 10,9-10; 19,21-24; Ис 30,18; 32,20; Пс 31,1-2; 33,12; 34,19; Изреки 8,32.34; Мк 9,35; Лк 6,20; 1 Кор 1,26; 2 Кор 8,9; Откр 19,9 „Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно! 4#1 Мојс 13,15; Ис 61,2-3; Пс 36,11; 126,5Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат! 5#11,29; 21,5Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата! 6#6,1.33; Ис 51,1; Амос 8,11-12; Лк 6,21Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат! 7#18,33; Јк 2,13Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! 8#2 Мојс 33,20; Пс 10,7; 24,4; Откр 22,4Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога! 9#Изреки 12,20; Евр 12,14; Јк 3,18Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји! 10#23,30-37; 2 Лет 36,16; 1 Птр 3,14Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно! 11#Лк 6,22-23#10,22; Сир 2,8; Дела 5,41; Фил 1,29; Кол 1,24; 1 Птр 4,14Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонуваат и кога лажно ќе говорат против вас секакви лоши зборови – за­ради Мене! 12Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата! Така ги гонеа и пророците што беа пред вас.“
Сол и светлина
(Мк 9,50; Лк 14,34-35)
13 # 3 Мојс 2,13; 4 Мојс 18,19; Јов 6,6; Мк 9,50; Лк 14,34-35 „Вие сте солта на земјата. Но, ако солта го изгуби вкусот, со што ќе се соли? Таа веќе не е за ништо, освен да се фрли надвор и изгази од луѓето. 14#Јн 3,21; 8,12; Фил 2,15Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. 15#Мк 4,21; Лк 8,16; 11,33Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на свеќник, и им свети на сите в куќи. 16#1 Кор 10,31; Ефес 5,8-9; 1 Птр 2,12Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец, Кој е на небесата!“
Исус и Законот
17 # 3,15; 7,12; 9,17; 13,52; 5 Мојс 4,1; Рим 3,31; 10,4 „Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги по­ниш­там, туку да ги исполнам. 18#Лк 16,17; 21,33Зашто, вистина, ви велам: дури пос­то­јат небото и земјата, ниту една бук­вичка#5,18 Во оригиналниот текст: јота. или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сѐ! 19#3 Мојс 19,15; Јк 2,10И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе се нарече најмал во царството небесно, а оној што ќе ги исполни и поучи, тој ќе се нарече голем во цар­ството небесно. 20#18,3; 1 Мојс 15,6; Пс 68,27; Јн 3,5; Рим 10,3; Фил 3,9Зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во царството небесно!“
За гневот и помирувањето
(Мк 11,25; Лк 12,57-59)
21 # 2 Мојс 20,13; 3 Мојс 24,17; 4 Мојс 35,16-18.21; 5 Мојс 5,17; Јк 2,11 „Сте слушале дека им било речено на старите: ‚Не убивај! А кој убие, виновен е пред судот.‘ 22#10,28; 18,9; Ер 7,31; 2 Лет 28,3; 33,6; Ефес 4,26; 1 Јн 3,15Јас, пак, ви велам дека секој, што се гневи на брата си без причина, виновен е пред судот; а оној што ќе го нарече брата си ‚празноглав‘, виновен е пред Синедрионот; оној, пак, што ќе рече ‚будала‘, виновен е за во пеколот. 23#Мк 11,25; Лк 12,5И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, 24тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па оди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот свој. 25#Лк 12,58-59Измири се со противникот твој навреме, уште додека си на пат со него, за да не те предаде противникот на судијата, а судијата – на слугата и да бидеш фрлен в затвор; 26#18,34вистина ти велам: нема да излезеш оттаму, сѐ додека не ја дадеш и последната пара.“
За прељубата и соблазната
(Мт 18,8-9; Мк 9,43.47-48)
27 # 19,18; 2 Мојс 20,14; 5 Мојс 5,18; Мал 2,14-16; Рим 13,9; Јк 2,11 „Сте слушале дека на старите им било речено: ‚Не прељубодејствувај!‘ 28Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба кон неа, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое. 29#18,6-9; Пс 123,7; Рим 9,33; 1 Птр 2,8Ако те соблазнува десното око, извади го и фрли го од себе; зашто подобро ти е да погине еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот. 30#Мк 9,42И десната рака, ако те соблазнува, исечи ја и фрли ја од себе; зашто по­добро ти е да изгубиш еден дел, от­колку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.“
За разводот
(Мт 19,9; Мк 10,11-12; Лк 16,18)
31 # 19,3-9; 5 Мојс 24,1; Мк 10,4 „Речено било исто така: ‚Ако некој ја остави својата жена, нека ѝ даде разводно писмо.‘ 32#Мк 10,11; Дела 15,20.29; 1 Кор 7,10-11А Јас пак ви велам: секој што ќе ја остави својата жена, освен за прељуба, тој ја тера да прељубодејствува; и кој ќе се ожени со така напуштена, тој прељубодејствува.“
За заклетвите
33 # 2 Мојс 20,7; 3 Мојс 19,12; 4 Мојс 30,3; 5 Мојс 23,22 „Сте го слушале уште и тоа дека им било речено на старите – ‚Не колни се лажно, а заклетвите пред Господ исполнувај ги.‘ 34#Ис 66,1; Дела 7,49#Јк 5,12#23,22Јас, пак, ви велам: не колнете се воопшто – ниту во небото, зашто тоа е престол Божји; 35#Пс 47,1-2ниту во земјата, зашто таа е под­ножје на нозете Негови; ниту во Еру­салим, зашто е град на великиот Цар. 36Не колни се ниту во главата своја, зашто не можеш ниту едно влакно да направиш бело или црно. 37#2 Кор 1,17-20Но зборот ваш да биде: ‚да‘, ‚да‘, или ‚не‘, ‚не‘, а сѐ што е повеќе од тоа, од лукавиот е.“
За одмаздувањето
(Лк 6,29-30)
38 # 2 Мојс 21,24; 3 Мојс 24,20; 5 Мојс 19,21 „Сте слушале дека е речено: ‚Око за око, заб за заб.‘ 39#Лк 6,29#2 Мојс 21,25; Плач 3,30; Рим 12,19.21Јас, пак, ви велам: не противете се на злото. Ако некој те удри по дес­ниот образ, заврти му го и другиот. 40А на оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, дај му ја и на­метката. 41И ако некој те присили да одиш со него една милја, ти оди две. 42#5 Мојс 15,8; Лк 6,30На оној што бара од тебе, дај му, и не одбивај го оној што ти сака нешто на заем.“
Љубов кон непријателите
(Лк 6,27-28.32-36)
43 # 10,22; 19,19; 3 Мојс 19,18; Пс 138,21; Лк 10,27; Јк 2,8 „Сте слушале дека е кажано: ‚Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател.‘ 44#2 Мојс 23,4-5; Изреки 25,21; Лк 6,27-28.35; Дела 7,60; 1 Кор 4,12А јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат, 45за да бидете синови на вашиот Отец, Кој е на небесата; зашто Тој со Своето сонце ги грее и лошите и добрите, и им праќа дожд и на праведните и на неправедните. 46#10,41-42; Лк 6,32Зашто, ако ги љубите оние што вас ве љубат, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и цариниците? 47И, ако ги поздравувате само бра­ќа­та свои, што особено правите? Не постапуваат ли така и незнабошците? 48#3 Мојс 11,44-45; 19,2; 1 Птр 1,16; Јк 1,4Но, вие бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006


Дознај повеќе за Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)