Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јоил 3

3
Господ ќе им суди на народите
1 # Зах 12 Зашто, ете, во оние денови и во тоа исто време, кога ќе ги вратам прогонетите од Јуда и од Ерусалим, 2#Откр 16,13-16тогаш ќе ги соберам сите народи и ќе ги доведам во долината Јосафатова, и таму над нив ќе изречам суд за Мојот народ и за Моето наследство – Израил, кого го растурија меѓу народите и земјата Моја ја разделија. 3#Авд 1,11; Наум 3,10За народот Мој фрлија ждрепка и даваа момче за блудница, и продаваа де­војче за вино, и пиеја. 4#Ер 47,4; Амос 1,6-10Па што барате од Мене вие, Тире и Сидоне, и сите краеви филистејски? Са­кате ли да Ми се одмаздите за нешто? Ако Ми се одмаздувате Мене, за миг ќе ја свртам одмаздата ваша врз вашите глави, 5бидејќи вие го зедовте среброто Мое и златото Мое и Моите највредни дра­гоцености и ги внесовте во вашите без­божнички светилишта; 6#Ез 27,13; Амос 1,6а синовите на Јуда и на Ерусалим им ги продававте на потомците Јаванови, за да ги избркате од нивните предели. 7Еве, Јас ќе ги кренам од она место, каде што ги продадовте, и ќе го свртам вашето злосторство врз главите ваши. 8#Ис 22,25; Ер 6,20; Авд 1,18И ќе ги продадам синовите ваши и ќерките ваши во рацете на синовите Јудини, и тие ќе им ги продадат на Са­вејците, народ далечен. Така вели Гос­под.
Суд во Долината на одлуката
9 # Ис 13,4; Ез 38–39; Зах 14,2 Кажете го ова меѓу народите, при­гответе се за војна, кренете ги јунаците, нека дојдат и нека станат сите војници. 10#Ис 2,4; Мих 4,3Прековајте ги плуговите свои во мечеви, а срповите во копја; и слабиот нека вели: јунак сум. 11Побрзајте, вие околни народи, и со­берете се. Господи, доведи ги јунаците Свои! 12#3,2Нека се кренат народите и нека слезат во долината Јосафатова; зашто таму ќе седнам Јас за да им судам на си­те околни народи. 13#Ис 17,5; 63,1-6; Мт 3,12; Мк 4,29; Откр 14,14-20Мавнете со срповите, зашто зрело е житото; одете, слезете, зашто полна е кацата и бочвите се преполнети, зашто нивното зло е големо. 14#3,2; Ис 17,12Мноштво, мноштво во Долината на одлуката! Зашто близу е денот Госпо­дов во Долината на одлуката. 15#2,10Сонцето и месечината ќе потемнат, и ѕвездите ќе го изгубат својот сјај. 16#Ер 25,30; Амос 1,2; Пс 45,1-2И ќе загрми Господ од Сион и ќе го испушти гласот Свој од Ерусалим: ќе затреперат небото и земјата; но Господ ќе му биде заштита на Својот народ и одбрана за синовите Израилеви.
Господ ќе го благослови Својот народ
17 # 2,27; Ис 52,1; Ез 38,23; Зах 9,8; Откр 21,27 Тогаш ќе познаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог, Кој живее на Сион, на Мојата света гора; и ќе стане Еру­са­лим светиња, и нема повеќе туѓинци да минуваат низ него. 18#Ис 30,25; Ез 47,1; Ос 2,21-22; Амос 9,13; Зах 14,8; Јн 4,1И, ете, во тој ден од горите ќе капе вино, а од ридовите ќе потече млеко, од сите долини јудејски ќе потече вода, а од домот Господов ќе се појави извор, и ќе ја напојува долината Ситим. 19#Амос 1,11; Авд 1,10; Мал 1,3Египет ќе стане пустина и Едом ќе стане пустина, бидејќи тие ги измачуваа синовите Јудини и проливаа невина крв во земјата нивна. 20#Ер 17,25; Ез 37,25А Јудеја ќе биде населена вечно, и Ерусалим – од род во род. 21#Ис 4,4Јас ќе ја одмаздам крвта нивна, за која уште не сум се одмаздил, и Господ ќе живее на Сион.

Селектирано:

Јоил 3: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност