Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јоил 1

1
Знаци на денот Господов: скакулци по земјата
1Слово Господово упатено до Јоил, синот Петуелов. 2#Пс 48,1Чујте го ова, старци, и внимавајте сите жители на оваа земја: се случувало ли ова во вашите денови или во денови­те на вашите татковци? 3#Пс 77,6Раскажувајте за него на децата ва­ши; а децата ваши нека им раскажу­ваат на нивните деца, и нивните деца – на следниот род; 4#5 Мојс 28,38.42; 3 Цар 8,37; Амос 4,9; 7,1; Мал 3,11; Пс 104,34-35сѐ што остана од гасениците, го изедоа скакулците; а што остана од ска­кулците, го изедоа црвите; и што остана од црвите, го изедоа бумбарите. 5#5 Мојс 28,39; Ис 5,11; 32,10Разбудете се пијаници, плачете и ри­дајте, вие сите што пиете вино, за сокот гроздов, зашто е одземен од устата ваша. 6#2,2; Ер 46,23; Откр 9,8Зашто против земјата моја дојде народ силен и безброен; забите му се ка­ко заби на лав, а челустите како челуст на лавица. 7#Ис 5,1; Мих 4,4; Наум 2,2; Пс 79,8Тој ми ја опустоши лозата, и смоква­та ми ја откорна, ја излупи до голо и ја фрли; гранките ѝ побелеа. 8#Ер 3,4; Амос 8,10; Јона 3,6.8Плачи како што плаче девица, опа­шана со вреќиште, за свршеникот од својата младост. 9#2,17Се прекрати лебниот принос и преливот за него во домот Господов; пла­чат и свештениците, служителите Гос­подови. 10#Ер 4,28; Ос 4,3Опустошено е полето, тагува земјата, зашто е уништено житото; се исуши гроздовиот сок, пресуши маслиновото масло. 11Црвенете се од срам, земјоделци, плачете лозари, за пченицата и за јач­менот, зашто пропадна жетвата по ни­вите, 12#Ис 16,10; 24,7; Ер 25,10; 48,33; Амос 4,7-9лозата се исуши, смоквата свена, нарот, палмата и јаболкницата – сите дрвја по полето се исушија; поради тоа и веселбата меѓу луѓето исчезна.
Вратете се кај Господ
13 # 1,8; 2,17 Препашете се со вреќиште, свеш­те­ници, и плачете; ридајте, служители на светилиштето. Влезете и ноќевајте, служители на мојот Бог, во вреќиште, зашто во домот на вашиот Бог нема ве­ќе лебен принос и прелив. 14#2,15-16Наредете свет пост, објавете свечен собир, повикајте ги старешините и сите жители од тој крај во домот на Господ, вашиот Бог – викајте кон Господ. 15#Ис 13,6; Ез 30,2-3; Соф 1,7.14-15Страшен ден! Зашто денот Гос­по­дов е близу; и ќе дојде како запустување од Сесилниот. 16#Ер 48,33; Пс 13,7Зар пред очите наши не се одзеде храната, и од домот на нашиот Бог – ве­селбата и радоста? 17Изгниени се зрната под сувите грутки, запустени се житниците, урна­ти се амбарите, зашто нема веќе жито. 18#Ос 4,3; Јона 3,7Ете, стенка добитокот, скитаат стадата волови, зашто нема за нив па­сиш­те; се измачуваат и стадата овци. 19#1,14Кон Тебе, Господи, викам, зашто оган ги проголта пасиштата во пустината, и пламен ги подгори дрвјата во полето. 20#Пс 41,1; 104,21Дури и животните во полето викаат кон Тебе, зашто секна водата по по­то­ците, и оган ги изгоре пасиштата во пустината.

Селектирано:

Јоил 1: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност