Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 10

10
Господ зборува за идолите
1Слушајте го словото, кое Господ ви го кажува, доме Израилев! 2#12,16; Рим 12,2Вака вели Господ: не одете по патот на незнабошците и не плашете се од не­бесните знаци, од кои се плашат незна­бошците. 3Бидејќи обичаите на тие народи се суетни: отсекуваат дрво во гората, го изделкуваат човечки раце, 4#Ис 40,19; Мудр 13–14го украсуваат со сребро и злато, го прицврстуваат со клинови и со чекан за да не се ниша. 5#Посл 1,69; Пс 114,4-7Нивните богови се како плашила во градина и не говорат; нив ги носат, заш­то не можат да одат. Не плашете се од нив, зашто тие не можат да направат зло, но и добро не можат да направат.
Еремија Го возвеличува Господа
6 # 49,19; Пс 85,8-10 Нема сличен на Тебе, Господи! Ти си велик и името Твое е велико и моќ­но! 7#5,22; Откр 15,4; Рим 16,24Кој не ќе се плаши од Тебе, Царе над народите, зашто само Тебе Ти при­паѓа тоа; бидејќи меѓу сите мудреци кај народите и во сите царства нема сличен на Тебе. 8#Зах 10,2; Мудр 14,22-31Сите тие до еден се неразумни и глу­па­ви; суетно е од дрво да учиш! 9Сребро ковано во листови се носи од Тарсис, злато од Уфаз, тие се дело на мајстор и на леар; облеклото нивно е од порфир и кадифе; сето тоа е дело на ве­шти луѓе. 10#5 Мојс 5,26; Мих 4,7; Пс 17,7; 93,1; Наум 1,6А Господ е вистински Бог. Тој е жив Бог и вечен Цар. Од Неговиот гнев трепери земјата, и народите не можат да го издржат Неговиот гнев. 11#Наум 1,14Така речете им: боговите, кои не се створители на небото и на земјата, ќе исчезнат од земјата и од под небесата. 12#51,15-19; Пс 103,24; Изреки 3,19Тој ја создаде земјата со силата Своја, ја утврди вселената со мудроста Своја и со разумот Свој ги распростре небесата. 13#Пс 134,7; 147,8Од гласот Негов шумат водите не­бески, и Тој ги крева облаците од кра­­иш­тата земни, создава молскавици среде дожд и изведува ветар од Неговото пребивалиште. 14Човекот е безумен во своето зна­е­ње, ќе се засрами секој леар со идолот свој, бидејќи она што го излеал е лага, и во него нема дух. 15Тие се ништожни, дела на заблуда; во времето на посетата нивна тие ќе пропаднат. 16#16,21; 5 Мојс 4,20; Пс 15,5; 2 Мојс 15,3; Амос 4,13Делот на Јаков не е како нивниот; бидејќи неговиот Бог е создател на сѐ, а Израил е народ на неговото наследство; името Му е Господ Саваот.
Јудејците ќе бидат прогонети
17 # 46,19; Ез 12,3 Прибери си го имотот свој од земјата, кој седи во опсада. 18#22,28; 1 Цар 25,29Зашто вака вели Господ: еве, овој пат ќе ги исфрлам жителите од оваа земја и ќе ги одведам во тесно место, за да ги фатат. 19#14,17; 15,18Тешко мене во маката моја; лута е раната моја, но јас си велам – „На­вис­ти­на тоа е мојата казна и морам да си ја поднесувам; 20#49,29; Амос 9,11шаторот ми е опустошен и сите мои врвци се скинати; децата мои ме оставија и ги нема: нема веќе кој да го распне шаторот мој и да ги постави завесите мои; 21#5,5; 23,1; 3 Цар 22,17бидејќи пастирите станаа безумни и не Го бараат Господа, па затоа и немаат напредок, така што целото стадо им се распрсна.“ 22Ете, се слуша глас и голема врева од северната страна за да ги направи градовите на Јудеја пустина, жи­ве­а­лиш­те на чакали.
Молитвата на Еремија
23 # Изреки 16,1.9; 20,24; Дан 5,23; Мудр 7,16 Знам, Господи, дека патот на чо­ве­кот не зависи од него, дека не е во власта на оној кој оди да ги исправа стапки­те свои. 24Казни ме Господи, но со мерка, не во гневот Свој, за да не ме сотреш. 25#8,16; 30,16; Пс 13,4Излеј ја јароста Своја врз народите кои не Те познаваат, и врз племињата, што не го призовуваат името Твое; заш­то тие го изедоа Јаков, го проголтаа и го истребија и живеалиштето му го опустошија.

Селектирано:

Еремија 10: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност