Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 64

64
1О, да беше ги раскинал Ти небесата и да беше слегол! Горите би се стопиле од лицето Твое! 2#10,16-17; Пс 17,7; 50,3Како оган што растопува восок, ка­ко од оган што вода зоврива, така ќе го познаат името Твое непријателите и од Твоето лице ќе затреперат народите. 3Кога вршеше страшни дела, од нас неочекувани, и слегуваше, – гори се то­пеа од Твоето лице. 4#30,18; 45,5; 5 Мојс 4,32-33; Пс 9,10; 1 Кор 2,9Зашто од века не се чуло, до уво не допрело, и никое око не беше видело друг бог, освен Тебе, Кој направил тол­ку многу за оние, кои на Него се надева­ат. 5#Ер 6,16; Мих 7,9; Плач 3,42; Варух 1,13Ти милостиво го пресретнуваше се­кого, кој се радуваше и кој вршеше правда, кој Те спомнуваше на Твоите патишта. Но, ете, Ти се разгневи, зашто ние одамна грешевме; па како тогаш ќе бидеме спасени? 6#1,30; 40,7-8; 3 Мојс 15,19-24; Ез 36,17Сите ние станавме како нечист чо­век, и секоја наша правда – како из­вал­кана облека; сите попаѓавме како лист; а беззаконијата наши како ветар нѐ од­не­суваат. 7#54,8; 57,17; 59,2; Ос 7,7; Јов 13,24Нема никој кој би го повикувал Тво­ето име, кој би установил да се држат здраво за Тебе: затоа Ти го сокри лицето Свое од нас и нѐ остави да гинеме од беззаконијата свои. 8#29,16.23; 43,1.21; 1 Мојс 2,7; 5 Мојс 32,6; Ер 18,6; Пс 102,13-14; Јов 10,9; Ефес 2,10Но сега, Господи, Ти си наш Татко; ние сме глина, а Ти – наш грнчар, сите сме дело на Твоите раце. 9#Пс 24,7Немој да се гневиш безмерно, Гос­по­ди, и немој вечно да го помниш беззако­нието. Но, погледај: сите сме Твој на­род. 10Градовите на Твојата светиња ста­наа пустелија; пустина стана Сион; Ерусалим е опустошен. 11#Ер 52,13; Пс 73,7; Плач 1,10; 2 Лет 36,19Домот на нашата светиња и на на­шата слава, каде што татковците наши Те прославуваа, од оган изгоре, а сите наши добра така пропаднаа. 12#Зах 1,12; Пс 82,1По сево ова, ќе се воздржуваш ли уште, Господи, ќе молчиш ли и ќе нѐ казнуваш ли без мерка?

Селектирано:

Исаија 64: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност