Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 1

1
Бог ни се објавува преку Синот
1 # 2,2; 12,25; 3 Мојс 12,6; Ос 12,10; Лк 1,55.70; Јн 9,29 Бог, Кој во старо време, откако мно­гупати и на многу начини им зборуваше на нашите предци преку пророците, 2#2,8; 3,6; 5,8; 7,28; 9,26; 11,3; 5 Мојс 4,30; 1 Птр 1,20во последниве денови ни зборува преку Синот, Кого Го постави за нас­ледник над сѐ, преку Кого ги создаде и вековите. 3#7,27; 8,1; Мудр 8,1; Мк 16,19; Кол 1,17; Тит 2,14Тој е одблесок на Божјата слава и отпечаток на Неговата суштина и држи сѐ со Својот моќен збор. Откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна од десната страна на престолот на Се­виш­ниот во висините.
Величието на Божјиот Син
4 # 8,6; Ефес 1,21; Фил 2,9-10; 1 Птр 3,22 И стана толку повозвишен од ан­ге­лите, колку што е пославно името што го наследи, во споредба со нивното. 5#5,5; 2 Цар 7,14; Пс 2,7; 1 Цар 17,13; Дела 13,33Зашто кому од ангелите Бог некогаш му рекол: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес“, или пак: „Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе ми биде Син?“ 6#10,5; Јн 3,16; Кол 1,18Исто така, кога Го воведе Пр­во­ро­де­ниот во вселената, рече: „Нека Му се поклонат сите ангели Божји!“ 7#Пс 103,4За ангелите, пак, речено е: „Ти ги правиш ангелите Свои ветрови, а слу­жителите Свои огнен пламен“, 8#Пс 44,6-7а за Синот: „Твојот престол, Боже, е вечен и жезолот на правдата е жезол на царството Твое. 9#Ис 11,5; 61,1.3Тебе Ти омиле правдата, а го намра­зи беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог Те помаза со масло на радоста пове­ќе од Твоите придружници.“ 10#Пс 101,23-27#Јн 1,3И пак: „Во почетокот Ти, Господи, си ја основал Земјата, а и небесата се дело на Твоите раце; 11тие ќе загинат, Ти остануваш; сите ќе изветвеат како облека; 12#12,26.27; 13,8; Откр 6,14ќе ги свиткаш како наметка, како облекло, и тие ќе бидат променети; но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да се свршат.“ 13#Ис.Н. 10,24; Пс 108,1; Мк 13,19А на кого од ангелите Бог некогаш му рекол: „Седи од Мојата десна страна додека непријателите Твои не ги пос­та­вам за подножје на нозете Твои?“ 14#Пс 33,7; 90,11; 102,20-21; Дан 7,10; Мт 4,11; Дела 12,11Нели се тие сите служителски ду­хови, испратени да им служат на оние што ќе го наследат спасението?

Селектирано:

Евреите 1: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се