Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Авакум 2

2
Повторен одговор од Господ
1 # 4 Мојс 23,1-6; Ис 21,6-8; Ер 6,17; Ез 3,17 Ќе застанам на стража, ќе се качам на кулата за да набљудувам за да разберам, што ќе ми каже Тој, и што ќе ми одговори на моите поплаки. 2#Ис 8,1; Ер 30,2; Откр 1,19Ми одговори Господ и ми рече: Запиши го видението и одбележи го на плочи јасно, та оној, што ќе чита, да може да го прочита; 3#4 Мојс 23,19; Евр 10,37; 2 Птр 3,4-10зашто видението се однесува на определеното време; тоа зборува за свршетокот и нема да излаже; па, и ако се забави, чекај го, зашто ќе наиде и нема да забави. 4#Рим 1,17; Гал 3,11; Евр 10,38И ете, гордата душа ќе пропадне, а праведникот ќе живее преку верата.
Маки за лошите луѓе
5 # Ис 5,14; Ер 27,7; Изреки 27,20 Богатството е подмолно; гордели­виот нема да се одржи: тој ја ра­ши­ру­ва устата своја како пеколот, и ненаситен е како смртта; ги собира кај се­бе сите народи и ги ограбува сите пле­миња. 6#Ис 5,8; 14,4; Мих 2,4; Лк 6,24-26; Откр 8,13Нема ли сите тие да го земат за приказ и да испеат иронична песна: „Тешко му на оној што без мерка се збогатува, и тоа не со свое? До кога ќе се полниш со запленето богатство?“ 7Нема ли да станат наеднаш оние, што ќе те измачуваат, и нема ли против тебе да се кренат грабители и ти ќе им станеш за грабеж? 8#2,17; Ис 33,1; Ер 30,16Бидејќи си ограбил многу народи, и тебе ќе те ограбат сите други народи, зашто си пролеал човечка крв, зашто си ја разорил земјата, градот и сите што живеат во него. 9#Ис 14,13; Ер 22,13-17; 49,16; Авд 1,4Тешко му на оној, што се лакоми кон неправедни печалби за домот свој, за да го изгради домот свој на високо и така да се запази од раката на злото. 10#1,17; Ис 10,7; 14,20Си нанесол тој срам за домот свој, откако си истребил многу народи, згрешил против душата своја. 11#Лк 19,40Камењата од ѕидовите ќе повика­ат и гредите дрвени ќе им одговорат: 12#Ер 22,13; Мих 3,10„Тешко му на оној кој ѕида град врз крв, и што гради тврдини врз не­правда!“ 13#Ер 51,58; Сир 14,19Ете, не е ли тоа од Господ Саваот што народите се трудат за оган и пле­мињата се измачуваат напразно? 14#4 Мојс 14,21; Ис 11,9Зашто земјата ќе се исполни со празнување за славата Господова она­ка како што водите го исполнуваат морето. 15#1 Мојс 9,20-25Тешко му на оној што го пои ближниот свој со пијалок, измешан со злобата своја, за да ја види голотијата негова! 16#Ис 51,17; Ез 23,32-33; Пс 74,8; Плач 4,21Ќе бидеш презаситен со срам мес­то со слава; пиј, пак, и ти и покажи ја голотијата своја и кон тебе ќе се сврти десницата Господова и срамот на славата твоја. 17#2,8; Ис 37,24Зашто твоето злосторство против Ливан ќе падне врз тебе, зашто си ис­требувал уплашени животни, бидејќи си пролевал човечка крв, си ги опустошувал земјата, градот и сѐ што жи­вее во него.
Идолопоклонството е безумие
18 # Ез 21,25; Ос 3,4; Зах 10,2; 1 Кор 12,2 Каква корист има од резан лик, направен од уметник, од тој излеан лажен учител, макар што вајар, правејќи неми идоли, ќе се надева на делото свое? 19#Ис 40,20Тешко му на оној, кој на дрво ве­ли – „Стани“ – и на нем камен – „Разбуди се.“ Ќе научи ли тој некого на неш­то? Ете, тој е опкован со злато и сребро, но жив дух во него нема. 20#Ис 14,7; 41,1; Соф 1,7; Зах 2,13; Пс 10,4; Откр 8,1А Господ е во Својот свет храм: нека замолкне целата земја пред ли­цето Негово!

Селектирано:

Авакум 2: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност