Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 5

5
Не губете ја вашата слобода
1 # 2,4; Јн 8,32.36; Рим 8,2 Стојте во слободата, со која Христос нѐ ослободи, и не се подавајте пак под ропски јарем! 2Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрезувате, Христос ништо нема да ви помогне. 3#Рим 2,25; Јк 2,10А му сведочам пак на секој човек што се обрезува дека тој е должен да го почитува целиот Закон. 4Вие, што посакавте да се оправдува­те со Законот, Го изгубивте Христос, отпаднавте од благодатта; 5#Рим 8,23-25а ние се надеваме и очекуваме оп­равдание од верата преку Духот. 6#6,15; 1 Кор 7,19; 13,13; 1 Тим 1,5Зашто во Христос Исус ниту обрезанието има сила, ниту необреза­ни­е­то, туку верата, која дејствува преку љубовта. 7#2,14; Јн 8,32Вие трчавте добро: кој ви попречи да не се покорувате на вистината? 8#1,6-7Тоа убедување не е од Оној Кој ве повика. 9#1 Кор 5,6Малку квас го потквасува целото тесто. 10Јас сум уверен за вас во Господ дека вие нема да мислите инаку; а оној, кој ве збунува, – кој и да бил, – ќе претрпи осуда. 11#1 Кор 1,23А јас, браќа, ако обрезанието уште го проповедам, тогаш за што ќе ме го­нат? Тогаш би исчезнала соблазната од крстот. 12О, да беа отсечени оние што ве бунеа!
Да се биде управуван од Духот, а не од похотите на човечката природа
13 # 1 Птр 2,16 Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг. 14#3 Мојс 19,18; Мт 5,43; 19,19; 22,39; Рим 13,8-10; Јк 2,8Зашто, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближ­ни­от како самиот себе. 15А ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете, пазете да не се истребите еден со друг. 16#5,25Ви велам: живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти. 17#Рим 7,15-23; 1 Птр 2,11Зашто, телото сака противни ра­бо­ти на духот, а духот – противни на телото; тие се спротивни еден на друг, за да не го правите она што сакате. 18#Рим 6,14; 8,14Ако ве води Духот, вие не сте под Законот. 19#1 Кор 6,9-10; Откр 22,15Делата на телото се познати. Тие се: блудство, нечистота, бесрамност, 20служење на идоли, маѓии, неприја­тел­ство, кавги, ревнување, гнев, раздори, расцепи, 21зависти, пијанство, пирови и други слични работи; однапред ви велам, како што ви реков и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат цар­ството Божјо. 22#Ефес 5,9А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, 23#1 Тим 1,9кротост, воздржливост. Против такви нема закон. 24#Рим 6,6Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите. 25#5,16Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме.
Законот на Христос
26Да не бараме лажна слава, еден друг да не се предизвикуваме, еден на друг да не си завидуваме.

Селектирано:

Галатјаните 5: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се