Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 2

2
Сложност во Ерусалим. Единство на Црквата и христијанска слобода
1 # Дела 4,36; 15,2; 2 Кор 2,13 И четиринаесет години подоцна пак се искачив во Ерусалим со Вар­нава, а го зедов со себе и Тит. 2#4,11; Фил 2,16Влегов по откровение и им го из­ло­жив на верните, посебно на највидните, Евангелието што го проповедам кај незнабошците, за да не трчам или за да не трчав попусто. 3Па дури ни Тит, кој беше со мене, иако Елин, не беше принуден да се обрезе, 4#1,7; Дела 15,1.24и тоа заради лажните браќа, кои дојдоа и се вовлекоа да ја гледаат нашата слобода, која ја имаме во Христос Исус, за да нѐ поробат, 5#2,14; Дела 15,23-29; Ефес 1,13ним ни за час не им дозволивме да нѐ покорат, за да остане во вас вистината на Евангелието. 6#5 Мојс 10,17; Дела 10,34; Рим 2,11; Јк 2,1; 1 Птр 1,17А, пак, оние за кои се мисли дека значат нешто – какви и да биле тие некогаш, мене ми е сеедно, Бог не го гледа човекот по лице – тие ништо не ми дадоа. 7#1,16; Дела 9,15; 22,21; Рим 1,5-6; 15,15-19Туку, напротив, кога видоа дека мене ми е доверено да го проповедам Евангелието на необрезаните, како на Петар – на обрезаните, 8зашто Оној, Кој дејствуваше врз Пе­тар да врши апостолска служба меѓу обрезаните, дејствуваше и врз мене за апостолска служба меѓу незнабошците 9#1,19; Дела 12,17; 1 Кор 3,10и кога ја познаа благодатта што ми е дадена, Јаков, Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ја подадоа мене и на Варнава раката за заедништво и се согласија ние да одиме кај нез­на­бош­ци­те, а тие – кај обрезаните. 10#Дела 11,29-30; 1 Кор 16,1; 2 Кор 8–9Посакаа само да ги помниме сиромасите, за што се погрижив и точно да го исполнам.
Недоразбирање во Антиохија. Вистината на Евангелието и благодатта на верата
11 # Дела 11,19-26 А кога дојде Кифа#2,11 Кифа е името кое Господ Исус му го дал на Симон, Јовановиот син, а значи карпа или камен. На грчки е Петар. во Антиохија, јас лично му се спротивставив, зашто беше заслужил осудување. 12#Дела 10,28; 11,3Имено, пред да пристигнат некои од Јаков, тој јадеше заедно со незна­бошците; а кога дојдоа, почна да се снебива и да се двои, бидејќи се пла­ше­ше од обрезаните. 13Заедно со него лицемереа и другите Јудејци, така што со нивното лицеме­рие беше заведен дури и Варнава. 14#2,5А кога видов дека тие не постапува­ат точно според Евангелската вистина, му реков на Кифа пред сите: „Кога ти, кој си Јудеец, живееш како незна­бош­ците, а не како Јудејците, зошто тогаш незнабошците ги принудуваш да жи­веат јудејски?“ 15Ние сме родени како Јудејци, а не грешници од незнабошците. 16#Пс 142,2; Дела 15,10-11; Рим 3,20.28; 4,5; 9,30; 11,6; Ефес 2,8Но знаеме дека човекот не се оправдува преку делата на Законот, ту­ку само преку верата во Христос Исус. Затоа и ние поверувавме во Исус Христос, за да се оправдаме преку ве­ра­та во Христа, а не преку делата на За­конот; зашто преку делата на Законот нема никој да се оправда. 17#Мт 11,19Ако, пак, барајќи да се оправдаме во Христос, и сами се најдовме греш­ни­ци, не е ли тогаш Христос слуга на гре­вот? Тоа никако! 18Зашто, ако одново го градам она што сум го урнал, тогаш и сам станувам престапник; 19#Рим 6,4-11; 14,8преку Законот умрев за Законот, за да живеам за Бога. Се распнав заедно со Христос; 20#1,4; Јн 13,1; 17,23; Рим 8,10; Фил 1,21; 1 Тим 2,6; 1 Јн 3,16и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и Себе се пре­даде за мене. 21Не ја отфрлам благодатта Божја; зашто ако праведноста се придобива преку Законот, тогаш Христос залудо умрел.

Селектирано:

Галатјаните 2: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност