Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Макавејска 2

2
Еремија ги крие обредните предмети – Библиотеката на Неемија – Повикување на посветување
1Во записите се открива дека пророкот Еремија им заповедал на иселе­ните да земат од огнот, како што е горе речено, 2#Ер 29,1-32; 51,59-64; Посли дека откако им го дал на преселни­ците Законот, им заповедал да не ги за­бораваат заповедите на Господ и да не се заблудуваат во своите мисли, гледај­ќи ги златните и сребрените идоли и украси. 3Говорејќи им и за други слични ра­боти, тој ги убедувал да не го отфрлаат Законот од своето срце. 4#5 Мојс 32,49; 34,1Во записите се вели и тоа дека овој пророк, по Божјо откровение, им за­по­ведал да ги носат со себе скинијата и Ков­чегот, и дека се искачил на гората, на која се искачил Мојсеј, и оттаму го гледал Божјото наследство. 5Откако пристигнал таму, Еремија нашол засолниште во една пештера, ка­де што ги внесол скинијата, ковчегот и кадилниот жртвеник, а потоа го заѕидал влезот. 6Потоа, кога дошле некои од него­ви­те сопатници за да го означат патот, не можеле да го најдат. 7#Ер 3,16А Еремија ги укорил, штом разбрал за тоа, велејќи им дека тоа место ќе остане непознато сѐ додека Бог не се смилостиви и одново не го собере Сво­јот народ. 8#2 Мојс 24,16; 40,34-38; 3 Цар 8,10-11Токму тогаш Господ ќе ги открие тие работи, и ќе се појави славата Гос­по­дова во облак, како што се појави во времето на Мојсеј и на Соломон, кога Му се молеле на Господ, храмот да биде величествено посветен. 9#3 Цар 5,8-13Се говори и за тоа дека Соломон, надарен со мудрост, принел жртви за обновување и завршување на храмот. 10#3 Мојс 9,23-24; 3 Цар 8,62-63; 2 Лет 7,1Како што Мојсеј Му се молел на Господ кога се спуштил оган од небото и ја проголтал жртвата, така, кога се молел и Соломон, се спуштил оган и ја проголтал сепаленицата. 11#3 Мојс 10,16-20Мојсеј тогаш рекол: ‚Затоа што жртвата за грев не е за јадење, огнот ја проголта.‘ 12#3 Цар 8,65Така и Соломон празнувал осум де­на. 13#1 Езд 6,2-12; 7,12-26А, во записите и во спомените на Неемија се раскажува и за тоа како на­пра­вил библиотека, како ги собрал кни­гите за царевите, за пророците и за Да­вид, а и писмата на царевите за све­тите приноси. 14#1 Мак 1,56Исто така и Јуда ги собрал сите книги, кои биле изгубени поради војната што нѐ снајде, а сега се тие во наши раце. 15Затоа, ако имате потреба од нив, пратете луѓе да ви ги донесат. 16Ви пишуваме затоа што сакаме да го празнуваме очистувањето, а добро ќе биде, ако и вие ги празнувате тие дено­ви. 17#2 Мојс 19,5А Бог, Кој го спаси сиот Свој народ и на сите им даде наследство, царство, свештенство и светилиште, 18како што беше ветил со Законот, Тој набргу, се надеваме на Него, ќе нѐ помилува и ќе нѐ собере од сите краиш­та под небото во светото место.“ 19Зашто Тој нѐ избави од големи не­волји и местото го очисти. 20А за делата на Јуда Макавејски и на неговите браќа, за очистувањето на ве­ли­киот храм и за обновувањето на жрт­ве­никот, 21#3,24; 5,2; 10,29; 11,8; 15,27како и за војните против Антиох Епифан и против неговиот син Ев­па­тор, 22и за појавите од небото, покажани на оние, кои се грижеа за Јудејците тол­ку ревносно, така што, иако беа малубројни, ја ослободија целата земја и го­неа многубројни непријателски групи луѓе, 23кои ја повратија славата на својот храм, познат во целиот свет, го ослобо­дија градот и ги востановија законите, на кои им се закануваше пропаѓање, ко­га Господ се смилува на нив со Својата голема добрина – 24сето ова го изложил Јасон Кире­не­ецот во пет книги, но ние ќе се обидеме накратко да ги опишеме во една книга. 25Имајќи ги предвид многуте работи и тешкотии што произлегуваат од обем­ни­от материјал, за оние што сакаат да се занимаваат со историја, 26ние се погриживме да им дадеме ду­ховна поткрепа на тие што имаат желба за читање, олеснување – на оние што са­каат да помнат и полза за сите што ќе ја читаат, 27#Сир 32,1-2иако за нас, кои се зафативме со тешката работа да опишеме накратко сѐ, ова ни најмалку не е лесно, а бара од нас напори и внимание, 28како што не му е лесно ни на оној што подготвува гозба и сака да им биде корисен и на другите. Но, имајќи ја предвид благодарноста на многумина, го преземаме овој труд доброволно врз себе. 29Оставајќи му го на историчарот точното изложување на подробностите, ние ќе се трудиме да се раководиме од правилата на скратено изложување. 30Како што градителот на една нова куќа треба да се грижи за целата нејзина градба, а оној што ќе се зафати со резба и живопис, своето внимание ќе треба да го сврти само на украсувањето, па така мислиме и ние за нашата работа. 31Да се задлабочиш во суштината, и да ги истражуваш сите извори, да ги иследуваш сите поединости – тоа е свој­ствено на вистинскиот историчар. 32Оној, пак, што прави кратки изло­жувања, треба да биде краток и да ги избегнува исцрпните истражувања. 33И така, како што рековме, да го почнеме прикажувањето, зашто не е ра­зумно да го развлекуваме предговорот на историјата, а самата историја да ја скратуваме.

Селектирано:

2 Макавејска 2: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност