2 Јован 1
MK2006D

2 Јован 1

1
Поздрав
1 # Јн 8,32; Ефес 4,15; 1 Птр 5,13; 1 Јн 2,21; 3,18; 3 Јн 1,1 Од презвитерот – до избраната госпоѓа и нејзините чеда, кои ги љубам во вистината, – и не само јас, туку и сите што ја познаа вистината; 2#Јн 14,16-17поради вистината, која пребива во нас и ќе биде со нас до века. 3#1 Тим 1,2; 2 Тим 1,2Да биде со нас благодатта, мило­срди­ето, мирот од Бог Отецот и од Гос­пода Исуса Христа, Синот на Отецот во вистина и љубов!
Заповед на љубовта
4 # Јн 13,34; Фил 1,7; 1 Јн 3,19; 3 Јн 1,3 Многу се зарадував, зашто најдов не­кои од твоите чеда во вистина, онака како што добивме заповед од Отецот. 5#1 Птр 4,8; 1 Јн 2,7-11И сега те молам, госпоѓо, не како да ти пишувам нова заповед, но онаа што ја имаме од почетокот, да се љубиме ед­ни со други. 6#1 Јн 3,23; 5,3А љубовта се состои во тоа, да пос­тапуваме по Неговите заповеди. Тоа е заповедта, што ја чувте во почетокот, за да постапувате според неа;
Антихристи
7 # 2 Птр 2,1; 1 Јн 2,18.22; 4,1-3 бидејќи во светот влегоа мнозина из­мамници, кои не исповедаат дека Исус Христос дошол во тело; таков човек е измамник, Антихрист. 8#Рута 2,18; Мт 10,42Пазете се за да не го изгубите она за кое сте се труделе, туку да добиете пол­на награда. 9#1 Јн 2,23-24Секој, кој оди предалеку и не останува во Христовото учење, Го нема Бога; кој останува во Христовото учење, тој Го има и Отецот и Синот. 10#Мт 10,14; Рим 16,17; Тит 3,10Кој доаѓа кај вас и не го носи тоа учење, него не го примајте во вашиот дом и не поздравувајте го; 11#1 Тим 5,22; Откр 18,4зашто, кој го поздравува, учествува во неговите лоши дела.
Поздрави
12 # 1 Јн 1,4; 3 Јн 1,13-14 Вистина, имав многу да ви пи­шу­вам, но не сакав на книга и со мастило, зашто се надевам дека ќе дојдам кај вас и од устата да ви зборувам, та радоста ваша да ви биде полна. 13Ве поздравуваат чедата на избраната твоја сестра. Амин!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Дознај повеќе за Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)