2 Коринтјаните 4
MK2006D

2 Коринтјаните 4

4
Христос е присутен во апостолското служење
1Затоа, бидејќи по милоста Божја го имаме ова служење, ние со духот не паѓаме; 2но се одрековме од прикриени срамни дела, не постапуваме со лукавство, ниту го изопачуваме словото Божјо, туку со јавувањето на вистината се препорачуваме на секоја човечка совест пред Бога. 3Ако, пак, е и покриено нашето Евангелие, тоа е покриено за оние што пропаѓаат: 4за оние, на кои богот од овој свет им ги заслепил нивните безверни умови, за да не ги осветли светлината на Благо­вес­ти­ето за славата на Христос, Кој е слика на невидливиот Бог. 5Зашто ние самите себе не се про­по­ведаме, туку Христос Исус Господ; што се однесува, пак, до нас, ние сме ваши слуги поради Исус. 6Зашто Бог, Кој некогаш заповеда од „темнината да изгрее светлина“, Тој ги озари срцата наши за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исус Христос светло. 7Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да биде од Бога, а не од нас. 8Од секаде сме угнетувани, но не сме потиштени; во недоумица сме, не губи­ме надеж; 9нѐ гонат, но не сме напуштени; нѐ кутнуваат, но ние не пропаѓаме. 10И секогаш во телото наше ја но­си­ме смртта на Господ Исус, така што и животот Исусов да се открие во телото наше. 11Зашто ние, живите, постојано се изложуваме на смрт заради Исус, та и животот Исусов да се открие во нашето смртно тело. 12Така смртта дејствува во нас, а жи­вотот – во вас. 13А, пак, бидејќи го имаме тој ист дух на верата, како што е напишано: „По­ве­рував и затоа говорев“, и ние веруваме, па затоа и говориме, 14бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господ Исус и нас ќе нѐ вос­кресне преку Исус и ќе нѐ постави со вас. 15Зашто сѐ е заради вас, та благодатта, намножена преку благодарноста на мнозина, да изобилува за славата Божја.
Увереност во воскресението пред стравот од смртта
16Затоа ние не паѓаме со духот; но, ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден на ден се обновува. 17Зашто нашите сегашни незначителни страдања ни донесуваат многу по­обилна и вечна тежина на славата, 18зашто ние не целиме кон видливото, туку кон невидливото, бидејќи вид­ливото е времено, а невидливото – веч­но.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Дознај повеќе за Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)