Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Петар 1:13-25

1 Петар 1:13-25 MK2006D

Поради тоа, возљубени, препашете ги колковите на умот свој, бидете бодри и имајте целосна надеж дека ќе ви се принесе благодатта при јавувањето на Исус Христос. Како послушни чеда, не постапувај­те веќе според поранешните ваши по­хо­ти, кога бевте во незнаење. Но, по примерот на Светиот, Кој ве повика, и вие самите бидете свети во си­те ваши постапки. Зашто напишано е: „Бидете свети, бидејќи Јас сум свет.“ Ако Го нарекувате Отец Оној, Кој непристрасно секому му суди според де­лата, тогаш поминувајте го времето на својот живот во страхопочит, знаејќи дека со пропадливо сребро или злато не сте искупени од суетниот живот, кој ви се предаде од татковците ваши, туку со скапоцената крв на непо­рочното и чисто Јагне – Христос, Кој беше предназначен уште пред создавањето на светот, а се јави во пос­ледно време заради вас, кои преку Него поверувавте во Бога, Кој Го воскресна од мртвите и Му даде слава, та верата ваша и надежта да ви бидат во Бога. Откако ги очистивте душите свои со послушност кон вистината преку Духот, за нелицемерно братољубие, са­кајте се еден со друг постојано со чис­то срце, како преродени не од распадливо семе, туку од вечно преку словото на живиот Бог, Кој живее во сите векови. Зашто телото е како трева, и секоја човечка слава – како цвет од трева: се исушува тревата, и цветот нејзин паѓа; но словото Господово останува засекогаш. А тоа слово е Евангелието што ви беше објавено.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со 1 Петар 1:13-25

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност