1
1. Јован 2:15-16
Свето Писмо (Гаврилова) 1990
MK1990
Не сакајте го светот и сѐ што е во него. Ако некој го сака светот, во него нема љубов од Отецот. Зашто, сѐ што е во светот – похотата на телото, желбата на очите и гордоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет.
Спореди
Истражи 1. Јован 2:15-16
2
1. Јован 2:17
А светот поминува и похотите негови, а оној, што ја извршува волјата Божја, останува довека.
Истражи 1. Јован 2:17
3
1. Јован 2:6
Кој вели дека во Него пребива, должен е да постапува така, како што постапи и Он.
Истражи 1. Јован 2:6
4
1. Јован 2:1
Чеда мои, ова ви го пишувам за да не грешите; и ако некој згреши, кај Отецот имаме застапник, Исуса Христа, праведникот
Истражи 1. Јован 2:1
5
1. Јован 2:4
Кој вели: »Го познав«, а заповедите Негови не ги пази, лажец е и вистината не е во него
Истражи 1. Јован 2:4
6
1. Јован 2:3
По тоа узнаваме дека сме Го познале, кога ги пазиме Неговите заповеди.
Истражи 1. Јован 2:3
7
1. Јован 2:9
Кој вели дека е во светлина, а го мрази братот свој, тој е сѐ уште во темнина.
Истражи 1. Јован 2:9
8
1. Јован 2:22
Кој е лажец, ако не оној, што одречува дека Исус е Христос? Тој е антихрист, што Го одречува Отецот и Синот.
Истражи 1. Јован 2:22
9
1. Јован 2:23
Секој, што Го одречува Синот, нема и Отец; а кој Го исповедува Синот, има и Отец.
Истражи 1. Јован 2:23
Дома
Библија
Планови
Видеа