1
Филипјаните 2:3-4
Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)
MK2006
не правете ништо од честољубие или за празна слава, но од понизност сметајте се еден друг за погорен од себеси! Не грижете се секој само за себе, туку и за другите!
Спореди
Истражи Филипјаните 2:3-4
2
Филипјаните 2:5
Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос
Истражи Филипјаните 2:5
3
Филипјаните 2:6-8
Кој, иако беше во Божји лик, не сметаше дека треба да го искористи тоа што е еднаков со Бога; но Сам Себе се понизи, земајќи лик на слуга се изедначи со луѓето и по изглед се покажа како човек; Сам Себе се понизи, послушен сѐ до самата смрт, смрт на крст.
Истражи Филипјаните 2:6-8
4
Филипјаните 2:13
зашто Бог е Оној Кој во вас прави да сакате и да дејствувате според Неговата добра волја.
Истражи Филипјаните 2:13
5
Филипјаните 2:9-11
Па затоа и Бог Го превозвиши и Му даде име што е над секое име, та во името на Исус да се поклони секое колено на сѐ што е небесно, земно и подземно, и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Отецот.
Истражи Филипјаните 2:9-11
6
Филипјаните 2:14-15
Правете сѐ без мрморење и двоумење, за да бидете прави и чисти, непорочни чеда Божји, сред изопачено и развратно поколение, во кое светите како светила во светот
Истражи Филипјаните 2:14-15
7
Филипјаните 2:12
Затоа, возљубени мои, како што секогаш ме слушавте, не само во мое присуство, туку многу повеќе сега, кога сум отсутен, со страв и трепет градете го своето спасение
Истражи Филипјаните 2:12
Дома
Библија
Планови
Видеа