Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јаков 1:4

Дади и значење на твојата работа
4 дена
Најголемиот дел од луѓето, дури 50 проценти од својот живот го поминуваат работејќи. Сакаме да знаеме дека нашата работа значи нешто – дека нашата работа е важна. Но, стресот, побарувањата и незгодите кои ни се случуваат попатно, можат да предизвикаат тежина – односно да ни се чини доста тешко да добиеме нешто. Овој план за читање ќе ви помогне да ја препознаете моќта која ја поседувате да изберете позитивно значење на вашата работа, кое е вкоренето во вашата вера.

Спасени соништа
7 дена
Како реагираме кога нашите соништа нѝ изгледаат неостварливи или кога се уништени? Многу пати сум се соочил со ова прашање посебно во моментите кога поминував низ злоупотреба, трауматични периоди, разочараност од љубовта или развод. Независно од тоа дали поминуваш низ некоја тешка трагедија или се сносиш со загуба или едноставно ти е смачено да чекаш толку долго време, Божјиот сон за тебе е сеуште жив! Пријателе, сега е времето кога ќе почнеш да сонуваш пак.

Освалд Чемберс: Радост - Силата во Господ
30 Дена
Откриј ја мудроста на Освалд Чемберс, авторот на My Utmost for His Highest, преку ова богатство на размислувања за радоста. Секое дневно читање нуди цитати од Чемберс заедно со прашања за лично размислување. Како што ќе те инспирира и предизвикува со неговата едноставна и директна библиска мудорст, ќе се пронајдеш себеси како сакаш да поминуваш повеќе време во комуникација со Бог.