YouVersion Logo
Search Icon

Дела Ап. 2

2
1Кога дојде празникот Духовден, сите христијани се собраа на едно место.
2Тогаш ненадејно од небото се чу бучава како од силен виор. Бучавата ја исполни целата куќа каде што беа собрани.
3Се појавија одвоени јазици, како од оган, и се спуштија врз секој од нив.
4Сите се исполнија со Светиот Дух и почнаа да зборуваат на различни јазици, како што им даваше способност Светиот Дух.
5Во тоа време во Ерусалим престојуваа побожни Евреи дојдени од секој народ под небесниот свод.
6Кога ја слушнаа бучавата, мнозина дотрчаа да видат што се случува и се збунија, зашто секој ги слушаше христијаните како зборуваат на неговиот јазик!
7Сите се чудеа и збунето, велеа: „Како е можно ова? Зар сите овие луѓе што зборуваат не се од Галилеја?
8Како, тогаш, секој од нас го слуша јазикот од својот роден крај?
9Меѓу нас има Парќани, Мидијци и Еламијци, потоа луѓе што живеат во Месопотамија, во Јудеја, во Кападокија, во Понт и во Азија,
10во Фригија и во Памфилија, во Египет, во областите на Либија близу до Киренеја, како и гости од Рим
11(Евреи и прозелити), луѓе од Крит и Арапи, и сите ние ги слушаме како зборуваат на нашите јазици за прекрасните дела што ги извршил Бог!“
12Зачудени и збунети, еден на друг си велеа: „Што ли значи ова?“
13Други, пак, се потсмеваа и велеа: „Пијани се! Се изнапиле слатко вино!“
14Тогаш стана Петар, заедно со другите единаесет апостоли, и гласно им се обрати на насобраните: „Луѓе, Евреи и сите други што живеете во Ерусалим! Ова треба да го знаете! Послушајте ме што ќе ви кажам:
15Овие луѓе не се пијани, како што некои од вас претпоставуваат, зашто одвај е девет часот наутро.
16Ова што се случи утрово е исполнување на она што беше претскажано преку пророкот Јоел:
17,Во последните денови‘ - вели Бог,ќе излеам од Мојот Дух врз сите луѓе, па ќе пророкуваат синовите и ќерките ваши, момчињата ќе имаат виденија, а старците ќе сонуваат соништа.
18Во тие денови ќе излеам од Мојот Дух врз сите Мои слуги и слугинки, и тие ќе пророкуваат.
19Ќе правам чуда горе на небесата и видливи докази долу на Земјата - крв и оган и столбови од чад.
20Сонцето ќе поцрни, а Месечината ќе се вцрви како крв, пред да дојде тој голем и славен Господов ден.
21Тогаш секој што ќе го повика името Господово ќе биде спасен.‘
22Израелци, слушнете ги овие зборови: Бог јавно го поддржа Исуса од Назарет, со тоа што преку Него изврши многу чуда, несекојдневни работи и чудотворни докази. Тоа и самите добро го знаете.
23Но се случи онака како што беше определено и предвидено од сезнајниот Бог: вие Го предадовте Исуса и со помош на еден паганин, Го распнавте на крст и Го убивте.
24Но Бог Го воскресна, ослободувајќи Го од смртта која очајнички настојуваше да Го задржи, но не можеше.
25За Него, Давид вели: ?Знам дека Господ е постојано со мене, Тој ми е оддесно - нема да потклекнам!
26Поради тоа срцето ми е весело, и душата ми се радува; а и телото во надеж ќе ми почива,
27зашто Ти во гробот нема да ме оставиш, ниту ќе дозволиш Твојот Светец да доживее распаѓање.
28Ти ми го објави патот на животот, Твоето присуство ќе ме исполни со радост.‘
29Луѓе, браќа, јасно е дека нашиот прататко Давид овде не зборува за себе, зашто тој умре, беше погребан и неговиот гроб е тука, меѓу нас, се до денешен ден.
30Но бидејќи беше пророк и знаеше дека Бог му се беше заколнал оти потомок од неговите бедра ќе седи на неговиот престол,
31претскажувајќи за тоа, тој зборуваше за воскреснувањето на Христос, Кој, ниту беше оставен во гробот, ниту Неговото тело доживеа распаѓање.
32Бог Го воскресна Исуса и сите ние сме сведоци за тоа.
33Откако беше вознесен и поставен од десната страна на Бог, и откако го прими Светиот Дух што Му беше ветен од небесниот Татко, Го излеа врз нас, како што вие сега гледате и слушате.
34Зашто, самиот Давид не се вознесе на небото, а сепак рече: “Му рече Јахве на мојот Господ: ,Седни на почесното место, од Мојата десна страна,
35додека не ги претворам Твоите непријатели во чергиче што ќе го газат стапалата Твои!‘“
36Затоа нека знаат сите Израелци и нека бидат уверени дека Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Месија!“
37Ова што го слушнаа до срце ги прободе, па им рекоа на Петар и на другите апостоли: „Луѓе, браќа, што да правиме?“
38Петар им одговори: „Секој од вас треба да се покае за своите гревови, и да се крсти во името на Исус Христос, за да ви бидат простени гревовите. Потоа ќе ви биде подарен Светиот Дух, а со Него и духовни дарби.
39Ветувањето што Бог му го даде на Давид се однесува на вас, на вашите деца, како и на неевреите, и на сите што Господ, нашиот Бог, ќе ги повика.“
40Со овие, и со многу други зборови Петар им проповедаше и ги повикуваше: „Спасете се од ова расипано поколение!“
41Во тој ден околу три илјади души искрено ги прифатија неговите зборови, па се крстија и се приклучија кон христијаните.
42Тие се посветија на учење од апостолите, на заедничките собири, на редовно учество на Господовата вечера и на молитви.
43Кај народот се појави страв, зашто апостолите правеа многу чуда и видливи докази.
44Сите христијани се здружија и се што имаа им беше заедничко.
45Ги продаваа своите имоти и наследства и на секого му даваа според неговите потреби.
46Секој ден се собираа во храмот, сложни и посветени. Организираа Господова вечера по домовите и секој ја делеше својата храна со другите, радосно и со чисто срце.
47Го славеа Бога и беа омилени кај сите луѓе. А Господ секојдневно им придодаваше новоспасени души.

Currently Selected:

Дела Ап. 2: MNT

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy