Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Бог е _______Примерок

God Is _______

6 ДЕН ОД 6

Кој е Бог за Тебе?


Замисли како две деца го опишуваат нивниот татко. Едното дете може да се фокусира на тоа колку е таткото смешен, постојан, или колку голема љубов има за нив, додека другото може да обрне внимание на татковата работна етика, сигурност, или трпеливост. Двете деца ја опишуваат истата личност, но секое од нив има уникатно искуство кое влијаело над нивната слика за него.


Слично на ова, сите Божји деца го доживуваат Бог на различен начин, што е причината зошто некои луѓе повеќе се фокусираат на Неговата моќ и светост, додека другите повеќе обрнуваат внимание на Божјата милост и сочувство. Во секој случај, Бог е перфектен Татко, и Неговиот карактер е прикладен со Неговиот Збор.


Но, Бог исто така се објавува лично на секој еден од нас. Поради ова, начинот на кој ти го опишуваш Бог не звучи исто како што твојот пријател би го опишал, и тоа е во ред! Главната работа е што ние секогаш сакаме да бидеме сигурни дека нашето мислење за Бог е прикладно на Неговиот Збор.


Поради тоа што го гледаме Бог како работи на различни начини во нашите животи, кога се среќаваме други луѓе и споделуваме за нашите искуства, тоа ни создава комплетна слика за тоа кој е тој. Можеби, во период на болести си го доживеал Бог како Исцелител, додека твојот пријател има извонредна приказна за тоа што сѐ Бог му овозможил. Двете искуства ја зајакнуваат нашата вера и ни помагаат да разбереме подобро што всушност е Бог.


Псалмите содржат многу примери за ова. Ги гледаме песните за оплакување и песните за прославување, како се фокусираат на различни нешта за Бог. Учиме за Бог кој е Утешувач, и Прибежиште во невоља исто како и Бог кој е извор на нашата радост.


Проблемот е кога ги заосноваме нашите мислења за Бог на нашите животни околности и искуства наместо да го бараме Него во нив, во текот на истите. Кога гледаме на Бог низ призмата на моменталните лични искуства, ќе пронајдеме Бог кој звучи на нас. Или ќе пронајдеме Бог кој постои за да и служи на нашата агенда.


Но кога избираме да го земеме во предвид Неговиот карактер на сред нашите моменти и околности, тогаш ќе пронајдеме надеж, мир, комфорт и радост.


Па, кој е Бог за тебе?


Пронаоѓањето на овој одговор најверојатно ќе трае цел живот, но ќе биде најважното прашање на кое ќе налетаме.


Моли се: Боже, ти благодарам за тоа што си безконечен и имтимен. Јас те знам тебе како ______, и верувам дека Ти си _____. Помогни ми да ги поправам и се соочам со сите лаги во кои верувам за Тебе, и исполни го мојот живот со искуства преку кои ќе ми го покажеш твојот вистински карактер. Помогни ми да престанам со заосновање на моето мислење за тебе врз моите животни околности и искуства, и да започнам да те барам Тебе преку нив. Во името на Исус, амин.


Предизвик: Врати се назад на првиот ден од оваа листа. Што би додал? Размисли за некои претходни лични искуства кои си ги имал со Бог во релација со секоја карактеристика што си ја напишал. Запиши забелешки за нив кои ќе те потсетат во моментите кога ќе се двоумиш за Неговиот карактер.


Овој Библиски План доаѓа како придружба на серијата од пораки од Лајф Чрч со Пастор Крег Грошел. Најди повеќе на www.life.church/Godis


Ден 5

Опис за овој план

God Is _______

Кој е Бог? Сите ние имаме различни одговори, но како да знаеме која е вистината? Независно кое е твоето искуство со Бог, Христијаните, или црквата, време е да откриеме кој навистина е Бог—реален, присутен, и спремен да т...

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност