Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Бог е _______Примерок

God Is _______

2 ДЕН ОД 6

Бог е Милостив


И така слободно да пристспуваме кон престолот на благодатта, за да примиме милост и најдеме благодат за благовремена помош. Евреите 4:16

Како што кажавме вчера, Бог секогаш трага по нас, дури и кога тоа не го заслужуваме. Оваа карактеристика ја истакнува Неговата милост.


Секој еден од нас е грешен и е невозможно да го достигне Божјиот стандард, што всушност создава бариера помеѓу нас и нашиот перфектен, свет Бог. Но по Божја милост Тој го испрати Исус за да ја превземе казната што ја заслужуваме—смрт—и направи начин за нас да имаме вечен живот со Него.


Значи Божја милост е што не го добиваме тоа што го заслужуваме. Но ова не е крај. Божја милост не е само тоа што Тој ни овозможува излез. Туку станува збор и за правење на пат за влез во нас. Тој не само што го избриша нашиот грев, Тој го испрати Неговиот Син. Тој направи пат за да не сретне таму каде што сме, такви какви што сме.


Исус дојде како Емануел: Бог со нас. Тој ја искуси секоја човечка емоција, и Неговото влијание на светот е доказ за Божјата желба да се приближи до нас. И во таа близина, ќе ја најдеме Божјата милост.


Преку Евангелијата, можеме да видиме неколку примери од луѓе кои го молеле Исус да им “покаже милост”. Еден моќен пример е опишан во Лука 17, кога некои лепрозни луѓе му приоѓаат.


За да ја видите тежината на ова треба да знаете дека лепрата во тоа време ги одбележувала луѓето како отфрлени на кои не треба да им се приближуваш. Според законот на Левитите, тие биле сметани за церемониално нечисти, што значи секој што ќе се допре до нив, станува нечист.


Но кога Бог се вполотува, Исус се чисти. Тој е чист, свет, и перфектен. Лепрозните му приоѓаа и му плачеа за милост, а Исус им заповеда да одат кај свештениците—по протокол на законот. И додека одеа на пат накај свештениците, болеста ја снемуваше.


Исус всушност обратно го исполнуваше законот. Наместо да стане нечист откако ќе ги допре, Тој им ја пренесуваше Неговата светост за да ги прекрие нивните нечистотии.


Тоа е перфектен симбол за она што Исус го направи преку Неговата смрт и воскресение. Бог не само што го избриша гревот, болката, и скршеноста—Тој не пресретна преку човекот Исус. Кога го прифаќаме Христовото спасение, ја искусуваме Божјата милост.


Сепак, има многу повеќе од ова. Не ја искусуваме Божјата милост само преку спасение, исто така ја искусуваме и во моменти на болка, тага, и очај—исто како што ја искусија и лепрозните. Така што, ако поминуваш низ тежок период, побарај ја Божјата милост. Тој е со тебе. Тој е блиску до тебе. И Тој може да те исцели, обнови, и искупи.


Моли се: Боже, ти благодарам што си милостив према нас. Ти благодарам за тоа што го прати Исус. Ти благодарам што си Бог кој сака да биде блиску до нас, иако не заслужуваме. Овозможи ми да ја видам твојата милост во моменти на болка, и помогни ми да ја проширам таа милост на луѓето околу мене. Во името на Исус, амин.


Предизвик: Побарај можност да ја видиш Божјата милост во твојот живот и да бидеш милостив према други луѓе.


Ден 1Ден 3

Опис за овој план

God Is _______

Кој е Бог? Сите ние имаме различни одговори, но како да знаеме која е вистината? Независно кое е твоето искуство со Бог, Христијаните, или црквата, време е да откриеме кој навистина е Бог—реален, присутен, и спремен да т...

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност