Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Бог е _______Примерок

God Is _______

4 ДЕН ОД 6

Бог е Тука


“… биди сигурен во ова: јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот.”Матеј 28:20

Бог одсекогаш сакал да има поврзаност со луѓето, затоа и можеме да ја видиме таа желба манифестирана на разни начини во текот на постоењето.


На почетокот, Бог живееше и одеше во градината помеѓу Адам и Ева. Кога тие станаа грешни, тоа ја оштети нашата врска со Него но не го спречи Неговиот план, да биде блиску до нас.


Бог, нашиот небесен Татко го испрати Исус на земјата за да ја поправи нашата врска со Него, и преку една од последните Исусови изјави, Тој вети на сите Негови следбеници дека ќе го примат Светиот Дух, што ќе значи дека Бог е во нас.


Кога го следиме Христос, Божјиот Свет Дух не само што е со нас—Тој е во нас. Во Стариот Завет, луѓето морале да одат во храмот за да го искусат Божјото присуство. Но сега, откако го примивме Исус, ние сме храмови каде што Божјиот Дух живее.


Се на сѐ, Бог сакаше да биде блиску до нас, и тоа се оствари повторно преку доаѓањето на Исус. Иако ние со задоволство го чекаме денот кога Бог ќе ги обнови сите нешта за да можеме да живееме со Него во перфектното царство, ние не сме статични додека чекаме. Бог ни има дадено работна задача која треба да ја завршиме.


Уште од почетокот, Тој сакаше луѓето да владеат над Неговото создание. Тој ни дал дарови и задачи за да ја извршиме Неговата волја на земјата, така што спасението не претставува билет до рајот—претставува покана за да се заврши работата со што рајот би се приближил на земјата.


Како што работиме, нема да бидеме изнемоштени. Ќе бидеме партнери со Бог, ќе се потпираме на Неговиот Дух во нас да направи сѐ што е потребно. На страна од Бог, ние не можеме да направиме ништо, но како храмови на живиот Бог со Неговиот Свет Дух во нас, можеме да постигнеме повеќе од што сме мислиме дека е возможно.


Ние често пати сме искушувани да мислиме дека Бог е некое далечно суштество на небото, дури му се обраќаме со изреката “оној големиот горе.” Но нашиот Бог е тука.


И кога знаеме дека Бог е присутен помеѓу нас и во нас, ние можеме да работиме на целта која Тој ја има предодредено за нас—споделувајки ги Неговите добри вести со други луѓе и ширејки повеќе од Неговата добрина тука на земјата.


Моли се: Боже, ти благодарам што додека го примам Исус во мојот живот, Ти не само што си со мене туку живееш и во мене! Го молам Твојот Свет Дух да ме насочува и води во текот на овој ден. Покажи ми како да го доближам Твоето царство на земјата, и ти благодарам што се здружи со луѓето за да ја извршат Твојата волја. Јас ти верувам, и те молам за поголема свесност за Твоето присуство. Во името на Исус, амин.


Предизвик: Додека се потпираш на Божјото присуство во овој ден, обрати внимание на било што, што Светиот дух пробува да ти укаже да направиш,и замоли го за храброст да го сториш тоа!


Ден 3Ден 5

Опис за овој план

God Is _______

Кој е Бог? Сите ние имаме различни одговори, но како да знаеме која е вистината? Независно кое е твоето искуство со Бог, Христијаните, или црквата, време е да откриеме кој навистина е Бог—реален, присутен, и спремен да т...

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност