Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Бог е _______Примерок

God Is _______

1 ДЕН ОД 6

Кој е Бог?


Бог е _______.


На кој збор помисливте во моментов? Можеби го препознавате Бог како Татко кој ве љуби. Можеби имате искуство во кое Бог има улога како некој кој Овозможува и Исцелува. Или можеби го сметате Бог за некој далечен, лут, или некој кој е тука за да ве осуди.


Независно од тоа како гледаш на Бог, тој поглед има важна улога во твојот живот. Всушност, познатиот пастор А.В. Тоузер напиша, “Нашето мислење за Бог е најважната работа за нас.”


Нашето мислење за Бог влијае на начинот на кој се гледаме себеси, другите, и светот околу нас. Поради ова, неверојатно важно е да изградиме цврст темел за тоа кој е Бог врз основа на непроменливата вистина во Неговиот Збор—а не врз привремена состојба на нашите чувства.


Можеби си искусил тага, загуба, или разочараност која прави да се чувствуваш повредено или луто на Бог. Можеби си сретнал други Христијани кои направиле да се почувствуваш лошо или осудено, па сметаш дека Бог размислува исто така. Можеби си пробал да се молиш или поврзеш со Бог, но не чувствуваш ништо, па си мислиш дека Тој е далеку од тебе, дека е ладен и дека не се грижи.


Ова се валидни искуства и емоции, но не се точна репрезентација на Божјиот карактер.


Всушност, заматувањето на нашата слика за Бог е една од тактиките на непријателот уште од почетокот. Во перфектната Еденска градина, Бог беше со Адам и Ева и им постави само едно ограничување: да не јадат од плодот на дрвото на знаењето. Но непријателот се прикраде за да ја праша Ева дали Бог навистина кажал дека не смее, и потоа ја убеди дека Бог ја спречува да дојде до нешто што и е потребно.


Како резултат на тоа, таа проба од забранетиот плод, и така гревот навлезе во светот, растурајки ја нашата врска со Бог.


Сепак, после сѐ, Божјиот карактер остана не променет. Тој со љубов им овозможи на Адам и Ева да се сокријат, и ја навести Неговата голема пожртвувана љубов: праќајки го Неговиот перфектен син Исус, да живее безгрешен живот и да умре наместо нас за да ја обнови нашата врска со Него.


Понекогаш е лесно да забележиме дека Бог во Стариот Завет осудува, и дека во Новиот Тестамент можеме да најдеме милост преку Исус. Но вистината е дека, Бог секогаш е во потрага по грешници, придружно со Неговата милост, уште пред ние да почнеме да го бараме. Тој е секогаш верен и ги исполнува Неговите ветувања. Тој е секогаш праведен и милостив, свет и полн со љубов, суверен и постојан.


Божјиот карактер е премногу длабок, богат, и голем за да се опише комплетно, но можеме да најдеме траги од ова низ целата Библија.


Па како што мислиш на Бог, земи во предвид како ја оформуваш твојата слика за Него. Се заоснова на вистината на Неговиот Збор или болката од твоите минати искуства?


Во следните неколку дена, ќе истражиме неколку Божји карактеристики од Писмото. Како што ги откриваме, замоли го Бог да ти се објави. Независно од тоа какво ти било искуството со Бог, Христијаните, или црквата, запамти дека: Богот на универзумот те создал, те сака, и активно трага по тебе.


Моли се: Боже, разбирам дека мојата слика за Тебе, често се заоснова на некомплетни информации за тоа кој си Ти. Направи ме свесен за сите невистини кои ги верувам за тебе, и замени ги со вистина. Откриј ми се Ти и Твојот карактер. Во името на Исус, амин.


Предизвик: Пополни ја оваа изјава: Бог е _______. Напиши ги сите зборови на кои ќе помислиш, и најди соодветни стихови кои ги прават да бидат издржани.


Ден 2

Опис за овој план

God Is _______

Кој е Бог? Сите ние имаме различни одговори, но како да знаеме која е вистината? Независно кое е твоето искуство со Бог, Христијаните, или црквата, време е да откриеме кој навистина е Бог—реален, присутен, и спремен да т...

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност