Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Променет живот: целПримерок

Living Changed: Purpose

5 ДЕН ОД 5

Прави патишта


Да ја живееме нашата цел значи да живееме предадени на Бог. Кога се предаваме на неговата волја, тоа не значи дека треба да се опуштиме и да не правиме ништо. Тоа значи да го бараме Него постојано додека се движиме напред. Библијата ни ветува дека Тој ќе ги направи нашите патишта прави, но ние мораме да чекориме за тој да ги води нашите чекори.


Пред неколку години, Бог ми даде визија и желба да започнам служба која би помогнала на жени од секоја возраст да научат како да го зацврстат својот идентитет во Христос. Во тоа време немав идеја како да го извршам еден толку голем сон. Секако, знаев дека нема да се случи преку ноќ, но јас не знаев ни од каде да почнам! Ќе ни ни треба локација, вешта екипа, финансии, потпишани договори, правна поддршка, и така натаму. Наместо да се почувствувам преоптоварено, се решив да ги зграпчам можностите што Бог ги ставил на мојот пат и да му верувам Нему за крајниот резултат. По неколку години го одржавме првиот состанок. Јас знам дека немаше да се случи без мојата послушност го преземам првиот чекор и без моето предавање на Неговата волја во секој мој чекор на патот.


Бог е задоволен кога бараме Негово водство во нашите одлуки. Дури и кога скршнувам на погрешна страна, гледам како ме враќа на местото каде што Тој сака да бидам. Имало времиња кога ми било јасно дека Тој го отворил патот, и времиња кога ги затворал вратите. Верувам дека Тој ги решава работите бидејќи знае дека моето срце сака да му служи Нему. Ако го прифаќаме Него во секој момент, му ја предаваме нашата иднина и се обидуваме да носиме одлуки за Негова чест, Неговата цел за нашите животи ќе се разјасни.


Иако можеби не си сигурен за крајната дестинација, запрашај се каков следен чекор очекува Бог од тебе да направиш. Доколку си добар со деца, можеш да помагаш во службата со деца во твојата црква. Ако си добар за организација, можеби би уживал со помагање за примање на нови парчиња и одржување ред во плакарот со донирана облека. Доколку уште не можеш да одлучиш каде те води Бог, започни да каниш луѓе во црква. Како Божји следбеници, ние сме повикани да понесеме нови луѓе со нас до вечноста.


Колосјаните 3:23 вели, „И сѐ што правите, правете го од душата, како за Господ, а не за луѓе” (МК2006). Со други зборови, употребувај ги твоите таленти за доброто и биди од корист за Неговото Царство. Преземање на несигурен чекор за Божја чест е подобро одколку да не правиш ништо. Не дозволувај стравот од несигурност да те спречи да се движиш напред. Тој е веродостоен за тоа дека ќе направи нешто неверојатно од она што го нудиш. 


Боже, ти благодарам што ме вклучуваш во твојот голем план. Знам дека имаш визија за мојот живот и ти верувам дека ќе ме водиш додека чекорам до целта што си ја испланирал за мене. Помогни ми да продолжам да го правам она што го започнав преку овој план. Помогни ми да ја видам вистината за себе преку твоите очи. Покажи ми која е мојата пасија, за што сум добар, што сум надминал, каде ме водиш и како целината од сите овие делчиња ме квалификува за твојата задача. Продолжи да ме прочистуваш за да бидам спремен да ти служам со улогата за која си ме створил. Сѐ што сакам да правам во мојот живот е за твоја чест. Води ме и направи го мојот пат прав. Во најмоќното и ценето име на Исус. Амин. 


Се молиме за Бог да го употреби овој план за службата на твоето срце.
Истражи Други библиски лланови од серијата Променет живот
Дознај повеќе за службата Променети жени


Ден 4

Опис за овој план

Living Changed: Purpose

Дали си се запрашал некогаш или си го прашал Бог зошто те создал и зошто си поминал низ некои специфични искуства во животот? Ти си создаден уникатно за специфична улога, која можеш да ја живееш само ти. Дури и ако се чу...

More

Би сакале да ѝ сe заблагодариме на службата Чејнџд Вумен, коja ни го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://www.changedokc.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност