Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Променет живот: целПримерок

Living Changed: Purpose

3 ДЕН ОД 5

Цел во болката



Понекогаш можеби ни е тешко да видиме како е можно Бог да ја употреби нашата болка од минатото за наше добро. Сепак, многу пати во Библијата можеме да најдеме примери за тоа како Бог ги користи најтемните, најтешките ситуации во животите на луѓето за Негова слава. 



Создавање 37-50 ја раскажува приказната на Јосиф, чии браќа беа толку полни со љубомора и омраза спрема него, што го продадоа како роб. Како тоа да не беше доволно, па поради лагите кажани од жената на неговиот господар, го ставија во затвор. Како и многумина од нас, тој се соочил со многу предавства, одбивања и напуштеност — но Бог извршуваше работа. Евентуално, поради неговата навидум безнадежна околност, Јосиф стана вториот човек во команда по фараонот, кој имаше моќ да ја спаси неговата фамилија и цел Египет од глад и смрт. Гледајќи наназад, Јосиф може да потврди дека Бог никогаш не го напушти, но тивко го координираше чудото во текот на целото време. 



Исто како Јосиф, сите ние искусуваме болка и кршење на срцето. Некои од нас дури страдаат од необјаснива трагедија или неоправдани злоупотреби. Како и да е, приказните како оваа ни даваат надеж дека преку Бог можеме да најдеме цел во нашата болка. 



Многу пати, нашите страдања ни даваат можност да влијаеме позитивно на светот на начин на кој никој друг не може да влијае. Сум слушнал, се вели дека само оние што изгубиле родител можат вистински да знаат какво е чувството од таквата загуба. Загубата на мојот татко уште боли и денес, но гледам дека тоа ми даде можност да знам како да им зборувам на луѓето на таа тема и да им дадам утеха како што не би можеле да добијат од некои други. Во моето искуство, нашата болка може да нè води до откривање на нашата цел.



Можеби поради твоето минато, ти си уникатно квалификуван да влееш надеж кај некого за неговиот брак или предизвиците со кои се соочува твојот тинејџер можат да послужат како пример за предупредување при самооштетување за други фамилии. Можеби поради твоите борби, можеш да му помогнеш на некој да помине преку проблеми со плодност, зависност или дијагностициран рак. Која и да е твојата приказна, постои убавина и моќ во изборот да се биде ранлив преку споделување на твоето сведоштво со други луѓе. 



Доколку моментално поминуваш низ тешки времиња, можеби не си во можност да размислуваш за тоа што Бог го планира за твојата иднина. Тоа е во ред. Во овој момент, не мораш да знаеш на кој начин Бог ќе ја употреби твојата болка. Само знај дека Тој ќе го направи тоа. Тоа нека ти даде надеж која ќе ти помогне да преминеш преку ова.



Боже, ти благодарам што ми вети дека нема да дозволиш моите тешки времиња да бидат безначајни. Ти благодарам за ветувањето што сите нешта се за мое добро. Исусе, ти ги давам сите темни, грди и несовршени делови од моето минато и ти верувам дека ќе ги преобразиш во нешто убаво. Исцели ме и покажи ми како да го искористам моето минато за твоја цел. Исполни ме со надеж и доверба во тебе. Се молам во името на Исус, амин.


Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Living Changed: Purpose

Дали си се запрашал некогаш или си го прашал Бог зошто те создал и зошто си поминал низ некои специфични искуства во животот? Ти си создаден уникатно за специфична улога, која можеш да ја живееш само ти. Дури и ако се чу...

More

Би сакале да ѝ сe заблагодариме на службата Чејнџд Вумен, коja ни го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://www.changedokc.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност