Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Променет живот: целПримерок

Living Changed: Purpose

2 ДЕН ОД 5

Божјите дарови



Дали сте запреле некогаш да размислите како се склопуваат сите делови од вашиот живот? Независно дали разбирате или не, Бог ве ставил да поминете некои нешта на вашиот пат за да ви даде можност да ги зајакнете вашите вештини, за да ве припреми за исполнување на вашата цел. 



Како 30-годишна жена, се сеќавам на моите години кога бев навивачка и на кој начин ова е поврзано со мојот возрасен живот. 13 години од мојот живот, од градинка до матура во средно школо, бев задолжена од моето школо за водење во навивањето и навивачките собири. Како возрасна, не можев да ја видам причината зошто Бог ми ги дал овие искуства. 



Не многу подоцна, посетив конференција на којашто слушав како зборуваат на тема за водење на други луѓе до Христос со пасија. Си помислив во себе, „Јас сакам ова да го направам некој ден.” Точно тогаш Бог ми ги поврза точките за мене. Поради искуството како водач во навивањето, јас сум сега способна да дејствувам пред голема публика и да го задржам нивното внимание. Во сите тие одминати години, Бог ме припремал за улогата што ја создал за мене.



Секое животно искуство те прави уникатен. Земајќи ги предвид природните таленти што Бог ти ги дал, разните можности што си ги имал и вештините што си ги научил. Размисли за тоа каде си пораснал, каде си патувал и што си научил. Можеби разбираш различни култури и можеш да се поистоветуваш со луѓето во светот или можеби создаваш некоја уметност што ги инспирира и движи луѓето во акција. Разните искуства што си ги имал во животот сами по себе можеби немаат некоја смисла, но ако ги гледаме како целина, тие те водат кон нешто значајно, кое можеш да го употребиш за да го прославиш Бог. 



Ова го гледаме во книгата на Естира, во која ни е претставена приказната за една еврејска жена, која е во уникатна позиција да ги спаси нејзините луѓе од геноцид. Иако беше жена и кралица на персискиот крал, таа не се сметаше себеси за нешто специјално или поважна за исполнување на Божјиот план од кого било друг. Таа правеше сѐ што е можно за да преживее. Но, поради она што таа беше и каде живееше, во времето во кое живееше, над кого имаше влијание и мудроста што ѝ беше дадена од Бог, Тој ја употреби за ди ги спаси Израелците од смрт.



Нема сомнеж дека Бог ти дал вештини, таленти, образование, финансиска моќ, статус или влијание кои е посебни за тебе. Прашањето е како ќе ги употребиш. Не мораш да бидеш во служба со полно работно време за да ја исполнуваш Божјата волја. Може да работиш за Бог преку бизнисот што го имаш или по дома, додека си помеѓу многу или малку луѓе. Повеќето од нас нема да бидат познати еден ден, но сите имаме кругови на влијание и уникатни дарови што им се потребни на луѓето во тие кругови. Замоли го Бог да ти открие како овие нешта ти служат за исполнување на Неговата цел.



Боже, ти благодарам за сѐ што си ми дал и за секоја можност што си ја направил достапна на мојот пат. Покажи ми ги сите сили, карактеристики, учења, влијанија и одредби што ги имаш специјално за мене. Откриј ми како се склопуваат овие нешта за исполнување на Твојата цел за мојот живот. Сакам искуствата од моето минато да ги употребам за твоето Царство. Помогни ми да ти принесам слава и чест на тебе. Во името на Исус, амин.


Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Living Changed: Purpose

Дали си се запрашал некогаш или си го прашал Бог зошто те создал и зошто си поминал низ некои специфични искуства во животот? Ти си создаден уникатно за специфична улога, која можеш да ја живееш само ти. Дури и ако се чу...

More

Би сакале да ѝ сe заблагодариме на службата Чејнџд Вумен, коja ни го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://www.changedokc.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност